Социјалните разлики во Германија влијаат на успехот во образованието
17 март 2012Децата, чии родители се професори, доктори или истражувачи, имаат добри шанси да изградат акедмска кариера. Сосема е поинаку за децата кои доаѓаат т.н. неедуцирани класи, кај кои читањето, часовите по музика или посетите на музеите не се дел од фамилијарниот живот. Во Баерн, Баден-Виртемберг, Долна Саксонија или Шлезвихг-Холштајн шансите за образование на младите се за шестпати поголеми отколку кај децата од пониските социјални слоеви. Во Берлин, Хамбург, Хесен или Саксонија оваа стапка е само 2,5 – тоа е „нивото на шанса“ што го покажува актуелната студија на фондацијата „Бертелсман“ и Инситутот за развојни образовни истражувања од Дортмунд.
До слични резултати претходно дојде и експертот за образование Вулф-Дитрих Веблер од универзитетот Берген. Тој смета дека тоа е така не поради разлики во постигнувањата, туку поради тоа што децата од образованите семејства од средната класа во училиштата наоѓаат содржина што им е позната од нивната фамилија.
Критериуми
За Вулф-Дитрих Веблер е непроблематично што во истражувањето се споредувани образовните системи во германските покраини и покрај различните услови за живот.
„Споредливи се, бидејќи тие мораат истото да го прават. Тие мораат да ги охрабруваат децата и да ги квалификуваат за место во општеството и учество на пазарот на труд“, вели научникот.
Изтражувањето на „Бертелсман“ користи четири критериуми за споредување на еднаквоста на германските училишта – интеграциска сила, проодност, поттикнување на компетенциите и издавање дипломи.
Со „интеграциската сила“ се мери дали училишните системи во наставата ги вклучуваат момчињата и девојчињата, кои до сега биле исклучени поради тоа што имаат физички или ментален хендикеп. Заедничкото учење на децата со и без хендикеп ги остава отворени образовните патиштата и ги зголемува шансите за повисоко образование. Во Западна Германија е направен прогрес, во однос на нивото на шанси, додека Истокот заостанува во развојот.
Централно прашање, според кое мора да се мери германскиот образовен систем, е проодноста. Односно, колку е лесно или тешко да се отиде на повисоко образовно ниво. И, колку брзо некој ќе биде уназаден, ако образовните перформанси не ги исполнат очекувањата? Разликата во Северна Рајна Вестфалија е посебно воочлива – на секој ученик што оди на повисоко образовно ниво има осум кои одат по спротивниот пат надолу. Општо земено, се информира дека германскиот образовен систем оди по надолен пат, додека патот нагоре значително помалку ќе се следи.
Има регионални разлики се покажуваат и во способноста за читање, а тоа е поврзано со социјалното потекло. Во Бремен учениците, кои доаѓаат од слаба социјална средина, имаат поголеми потешкотии да читаат и разберат комплексен текст во споредба со нивните врсници од Бранденбург.
Произлезе изненадувачки резултат од истражувањето за Саксонија. Во однос на поттикнувањето на компетициите како кај тие што се со послаби резултати, така и кај тие што се со најдобри резултати, учениците од Саксонија се најдобри во таа споредбена група.
Исто така и кај дипломирањето има разлики меѓу германските покраини. Додека во Северна Рајна Вестфалија 54 проценти од момчињата и девојчињата имаат пристап до повисоко образовно ниво, националниот просек е 46 проценти. Во Северна Рајна Вестфалија 6,5 проценти остануваат без диплома, а низ Германија 7 проценти. Малку под националниот просек е и стапката на повторувачи на годината – 2,5. Низ сите сојузни покраини тој процент е 2,9.
Од околу 60.000 млади луѓе, кои секоја година го завршуваат образованието без диплома, поголем број ги има во западногерманските покраини, додека помалку во Баден-Винтенберг, Баерн или Долна Саксонија.
Ниту една земја не е врвна
Студијата дојде до заклучок дека во никој случај нема еднакви шанси во германските училишта. Социјалното потекло на родителите и нивниот приход е одлучувачки за образовните можности на децата и нивните постигнувања во училиште. Има многу сојузни покраини , кои во многу области се во врвната гупа. Но, ниту една покраина не ги исполнува критериумите за да се најде на првото место, исто како што ниту една покраина не е ниту на дното.
Автор: Матиас вон Хелфелд / Александар Методијев
Редактор: Симе Недевски