Терористички напад во Могадишу
15 јуни 2017Атентатор-самоубиец се разнесол во воздух во автомобил-бомба пред влезот на еден ресторан, кој бил користен и како хотел, соопшти полицијата. Од експлозијата бил зафатен и друг соседен ресторан, а потоа повеќемина напаѓачи влетале во локалите. Најмалку двајца од нив биле убиени од силите на безбедноста. Можно е во објектите да има лица кои се држат како заложници, велат од полицијата. Во агенциските извештаи се зборува за дваесетина заложници. Полициски извори велат дека најголем дел од загинатите се жени кои работеле во хотелот. Нападот бил изведен во време кога поради вечерниот прекин на постот за време на празникот Рамазан, локалите се посебно добро посетени.
Терористичката милиција Ал-Шабабпреку радиото Ал Андалус ја презеде одговорноста за атентатот. Целите на нападот биле ноќни клубови, во кои биле извршувани немуслимански работи, се вели во соопштението од терористите. Сунитските екстремисти од Ал-Шабаб со години се борат за превласт во Сомалија, а нивната визија е создавање исламистичка, т.н. божја држава, а за таа цел постојано изведуваат напади.